Охрид град на светскиот хуманизам
„Охрид град на светскиот хуманизам“ . Овај епитет на градот планирано е да се потврди со изградба на едно спомен обележје кое ќе асоцира на хуманизмот како вечност. Оваа идеја ја презентира Академик Светлин Русев од Бугарија на одбележувањето на јубилејното свечено доделување на наградата за хуманизам.
Охриѓани сеуште комуницираат преку писма и пратки
Впечатокот на граѓаните е дека се помалку се праќаат писма и пратки. Но од охридската подружница на Македонски пошти тврдат дека не бележат намалување на примање и доставување пратки. Директорот на охридската пошта убедува дека имаат полни раце работа посебно со малите пратки, односно дека нивниот број бележи зголемување, додека бројот на писмата е константен.
Ресенчанец лажно пријавил дека има експлозивна направа во Леарница
На 16-ти јули 2021 година лишен е од слобода 46-годишниот З.И. од ресенското село Г. Крушја, во врска со претходно добиена лажна дојава за поставена експлозивна направа во фабрика на патот Охрид-Битола.
Зголемени субвенциите за туристите
Се зголемија субвенциите за туристите. Oд почетоков на годинава за гостите кои ќе доаѓаат со чартер лет од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореја, Италија, Шпанија и Франција, субвенциите се зголемуваат од 25 евра на 65 евра по лице.
Подигнете ги ЕЗК
Фондот за здравствено осигурување информира дека електронските здравствени картички (ЕЗК) за лицата кои поднеле барање, а се уште не ги имаат добиено, се испечатени и денеска се дистрибуирани до сите подрачни служби.
Плаќаат комуналии за услуги што не ги добиваат
Без фекална и атмосферска канализација, улично осветлување, со раскопан пат натрупан со мини депонии е дел од секојдневието на мештаните на ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“. Тие од надлежните во Локалната самоуправа бараат еднаков третман како и жителите од централното градско подрачје бидејќи плаќаат комуналии и без овие инсталации.
Денес е првиот ден на мрест на охридската пастрмка
Денес е првиот ден на мрест на охридската пастрмка.
Печатите на фактурите заминуваат во историјата
Нови елементи на фактурата за ДДВ. Од почетоков на годинава фактурата за целите на ДДВ мора да содржи, полно име, презиме и потпис на овластеното лице за потпишување на фактурите кај издавачот на фактурата без печат, наместо како што беше досега само краток потпис и печат.