Привршуваат подготовките за одбележување на големиот христијански празници Водици
Во духот на празникот веќе се декорирани чаршијата и централното градско подрачје. За безбедноста на скокачите по светиот крст ќе се грижат тимови од спасители на вода, нуркачи и медицински тимови.
Охрид и Тиквеш одиграа без голови на контролниот натпревар
Пријателската средба меѓу Охрид и Тиквеш која денес се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ не донесе победник и голови.
Традиционално чистење на водата кај градското пристаниште во пресрет Водици
Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности денес го чистеа градското пристаниште од отпадни материи, а во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Дождот поплави влез од дуќан во Охрид
Поплавен влез од дуќан на ул Туристичка. Сопственикот револтиран на надлежните, побара проблемот да се реши бидејќи како што нагласи 7 години се соочува со овој проблем а редовно си ги плаќа комуналните давачки за одведување на атмосферската вода.
Фирмите тешко опстојуваат во услови на мала куповна моќ на граѓаните
Малата куповна моќ на граѓаните и неликвидноста на коминтентите се проблеми со кои се соочуваат охридските фирми трудејќи се да се одржат на пазарот. Впечаток на охриѓани е дека мали фирми, најчесто семејни бизниси се отвораат и затвораат преку ноќ. Според официјалните податоци токму тие се и константно најбројни и придонесуваат за локалната економија.
Економската клима во Охрид не поволна
Охридската локална економија не може да се каже дека е во добра состојба и кондиција, сметаат стручните лица од Факултетот за туризам и угостителство. Но сепак сметаат дека позитивен сигнал во оваа сфера може да дадат двете Браундфилд инвестиции кои ги имаме во Охрид, ОДВ Електрик и Костал, кои вложија по 15 милиони евра, а најавија и над 1000 вработувања.
Најави за обилни врнежи од снег-службите подготвени
Штабот за заштита и спасување на координација во очи најавените обилни врнежи од снег и изразито ниските температури на крајот од неделава.
Охриѓани се поретко користат оџачарски услуги
Охриѓани се поретко користат оџачарски услуги. Тоа го покажува билансот на интервенции на Територијалната противпожарна единица, кои говорат дека само годинава, за 15 дена, се случиле 15 пожари, од кои12 биле поради неисчистен оџак.