Skip to main content
Мај 31, 2018

Проектиран документарниот филм „ До инклузија – со соработка “ снимен со ученици во ОУ Св. Климент Охридски. Едукативен филм, полн со силни емоции од кој другите училишта треба да извлечат искуство за вклучување во образовниот процес на децата со различности. Николина Новакоска, ученичка од ова училиште е главниот протагонист.


Мај 31, 2018

Двочлена делегација на Македонската секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), учествуваше на 34 национален конгрес на Грчката секција на ИПА, што од 9-ти до 13-ти мај годинава се одржа на островот Крит.На конгресот, репрезенти на ИПА Македонија беа м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА-регион Охрид и Душан Јованов, претседател на комисија за надворешни односи.


Мај 31, 2018

Претприемништвото секогаш има потенцијал и нуди можности, доколку се препознае. За жал во нашата земја сеуште е мал бројот на жени претприемачи. Денес во Струга се одржа промотивен настан на проектот WE MAKE „Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“.


Мај 31, 2018

Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, првата  недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на  животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности.


Мај 30, 2018

Одлуката за забраната на употреба на педалинките на струшките плажи во прашање ја доведува егзистенцијата на 20 семејства, реагираа сопствениците на педалинките на денешниот протесен совбир. Тие бараат преиспитување на одлуката на советниците, собираат потписи против оваа одлука и велат дека истата ќе ја обжалат до Уставен суд.


Мај 30, 2018

Градот Струга наредниве три дена ќе биде домаќин на социјални претприемачи од  Југозападниот регион кои што ќе бидат дел од едукативната програма „Развој на одржливи социјални бизниси“ која што ќе се одржува во хотелот „Дрим“.


Мај 29, 2018

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со претставници на Здружението на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија „ Херои на Македонија 2001-2015“ . На средбата на која учесвуваше и началникот на Секторот за внатрешни работи од Охрид Сашо Смилески, претставниците на здружението побараа вклучување на Локалната самоуправа во одбележувањето на ликот и делото на загинатите бранители.


Сеп 14, 2021

Вчера, во Охрид започна 12-тата по ред Меѓународна конференција од областа на безбедноста, во организација на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Темата на овогoдинешната конференција е „30 години независна македонска држава“.