Skip to main content
Окт 10, 2015

Сеуште немаме официјални податоци за бројот на туристите кои ова лето го посетија Охрид. Според некои неофицијални податоци оваа сезона била поуспешна од минатата. Хотелиерите велат дека кај нив бројот на гости ова лето бил за 30% повисок од минатото. Но нема податок колкав е финансискиот бенефит од тоа.


Окт 10, 2015

Во Македонија се произведуваат млечни производи кои можат да обезбедат сигурен и добар пласман надвор од нашата земја. Но истите треба да се брендираат и да се произведуваат во многу поголеми количини кои би ги задоволиле светските пазари, сметаат експертите за земјодеслки науки и храна.  За жал нашата земја сеуште е увозно зависна од млеко и млечни производи.


Јул 9, 2021

Стартуваше летниот режим на сообраќај на територијата на Општина Охрид, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација на улиците каде што е воведено еднонасочно движење на возилата.


Окт 10, 2015

Стариот бабин рецепт за сушење овошје станува се поактуелен. Земјоделската фирмата Агриком започна со производство на сушено јаболко кое е органски произведено.Ваквата храна гледано од нутриционистички аспект е многу поздрава и ги задржува сите витамини и сокови. Европа се повеќе ја користи а скромно започнува да се пласира и кај нас.


Окт 9, 2015

Општина Охрид денес во големата општинска сала одржа свечена седница по повод одбележувањето на 11 октомври, денот на народното востание. Присутните гости ги поздрави заменик градоначалникот Ангел Јанев, предавање одржа Бобан Блажески, професор по историја. Годинава немаше обраќање на претставниците од Сојузот на борци и продолжувачи на делото од општините Охрид и Дебрца.


Окт 9, 2015

Сладок сувенир за гостите кои ќе го посетат Охрид. Слаткото од охридски цреши туристите ќе можат да си го купат и да си го понесат со себе. Ова е идеја на некои професори од Факултетот за земјоделски науки и храна кои сметаат дека што поскоро треба да се брендира охридската цреша.


Окт 9, 2015

Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид ги информира сите заинтересирани кандидати дека Конкурсот за запишување на постдипломски студии во првиот уписен рок во академската 2015/16 година е отворен до 16 октомври.


Окт 9, 2015

Што се однесува до можноста од постоење на црн пазар на отпадно масло на кој живинарски фарми го купуваат а потоа го мешаат во храната за живина од агенцијата со одговор дека нивните инспекциски служби ги контролираат единствено поголемите комерцијални фарми за животни. Кај нив не била забележана таква појава.