НВО Опција: Во Охрид и Струга нема детектирани лица заболени од Хив Сида
Во општините Охрид и Струга нема детектирани лица заболени од Хив Сида. Состојбата е резултат од децениското спорведување на програмите за намалување на штетите од употреба на дроги и поддршка на сексуалните работници. До декмеври 2016 истекува финансиската поддршка за спроведување на програмите е од швајцарскиот глобален фонд па НВО подготвуват платформа за добивање финансиска поддршка од државата.
Охрид домаќин на вториот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна
Климатските промени и дали ќе произведеме доволно храна да го нахраниме населението во светот, се проблемите кои во наредните декади најмногу ќе го погодуваат земјоделието во светот, сметаат научниците кои што работат на земјоделство и храна. Три дена во Охрид се дебатира за научните предизвици од областа на земјоделието и храната на вториот Меѓународен симпозиум ИСАФ 2015.
Во Охрид ќе бидат прикажани осум филмови од различни жанрови од германска продукција
Охриѓани ќе може да уживаат во најновите германски филмови. Во текот на четири дена ќе бидат прикажани осум филмови од различни жанрови. Ревијата ќе започне во сабота со еден од најнаградуваните филмови, трилерот „Роден во болка“.
Тешка кражба во црквата „Св. Илија“ во Радожда
Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Илија“ во струшкото село Радожда.
Повторно во советот ќе се кршат копја околу изградбата на малото пристаниште
Предлог Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба и управување на малото пристаниште преку изградба на марина и туристичко угостителски објект, е првата точка на дневен ред за која ќе расправаат охридските избраници во советот, на 45-та седница која ќе се одржи во среда, 14- ти октомври.
Современ центар за физикална терапија во болницата „Св. Еразмо“
Проектот „Реконструкција и опрема на современ центар за физикална терапија во болницата Св. Еразмо“, денеска ќе биде промовиран во просториите на болницата „Св. Еразмо“, во Охрид.
Превенција од провални кражби
„Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес во 18 часот го организира во во малата сала при општината Охрид.
Туристички сојуз: Преставувањето на саемите за туризам од страна на АППТ е само про форма
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на саемите на кои што оди не ја преставува државата како што треба, обвиниваат од Туристичкиот сојуз на Охрид. Потенцираат дека преставувањето на саемите е само про форма и дека од тоа развојот на туризмот во државава нема некој поголем бенефит. Од Агенцијата велат дека секој саем е посебна приказна и дека тие на најпрофесионален начин се подготвуваат за промоција пред заинтересираните клиенти.