Петардите сеуште сериозна опасност за најмладите-СВР со превентивни акции
Биди ѕвезда, не фрлај петарди. Под ова силно мото започна проектот „Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства“ во кој дечињата од охридските основни училишта со пароли во рацете испратија порака до своите врсници но и до родителите.
Светски кошаркарски имиња заедно со локалната ќе ја популаризираат кошарката во Охрид
Врвни имиња од светската кошарка заедно со локалната ќе работат на популаризација на кошарката во Охрид. Од денешната иницијална средба треба да произлезат неколку иницијативи, а како една од поатрактивните е иницијативата за повторно заживување на турнирите на отворено во градов. Според градоначалникот Никола Бакрачески, реализацијата на ваквите иницијативи и тоа како позитивно ќе делува во насока на развивање на спортскиот туризам во градов.
АКТИВНОСТИ ЗА ПРОМЕНА НА ВОДОВОДНАТА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО ОУ „БРАТСТВО ЕДИНСТВО“ ЛЕСКАЈЦА
Во тек се градежни активности за комплетна промена на водоводната и канализационата мрежа во ОУ „Братство Единство “ – Лескајца. Со оваа активност ќе се надмине долгогодишниот проблем на губиток на водата кој го имаше оваа образовна институција.
Во езерото кај Грашница од канал истекува нечиста вода
Во езерото кај Грашница од канал истекува нечиста вода.
Ѓоко Јовиќ, Џељо и Енерџи бенд во Оровник по повод празникот Св. Недела
Традиционално, како и секоја година во манастирот Св. Недела во Оровник на 19-ти јули ќе се одржи богослужба, а веднаш потоа организирана е богата музичка програма.
Охрид чекори за безбеден сообраќај
Со цел да се стави крај на сообраќајните незгоди во кои згаснуваат невини животи, денес охриѓани од сите возрасни популации, дефилираа низ неколку улици. Пораката беше јасна, да се внимава како се вози посебно кога има деца на патот, како и тоа, да се подигне степенот за безбедност во сообраќајот.
Охрид мојот чудесен град низ очите на извидниците
Пештерската црква Св Богородица, Дувало, последниот вулкан на Балканот, легендата за Билјанини Извори, излетничкото место Јадера, природните валавици и ранохристијанската базилика Студенчишта, се 6 промотивни видеа за Охрид кои ги изработија извидниците од одредот „Пионер“. Тие се дел „Охрид мојот чудесен град“ проект кој извидниците го реализираат во соработка со Локалната самоуправа.
Атрактивни содржини и големи попусти за Водици
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, општина Охрид ја продолжува воспоставената традиција и најавува уште посодржајна и поатрактивна организација на оваа манифестација.