Фестивал на француски филм ќе има
Се е подготвено за петтото издание на Фестивалот на француски филм.И покрај гласините дека се немало буџет за негова реализација тој ќе се одржи
Ногачески: Ја почитувам волјата на граѓаните
Со изградба на фабрика за преработка на отпад во Годивје, Дебрца, Министерството за животна средина и просторно планирање го жртвува еколошкиот за економскиот критериум, обвини градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески на денешната прес конференција. Тој категоричен дека Владата не може и не смее да ги игнорира жителите на Дебрца, како и мислењето на стручната јавност кое јасно говори дека во срцето на Дебрца, изградба на регионален систем за управување со отпад не може да се оправда со ниту еден сериозен факт.
Охриѓани на “Свадбата на Итар Пејо”
Актерите од охридскиот Народен театар премиерно ќе ја изведат претставата “Свадбата на Итар Пејо” од Бранислав Димитров, а во режија на Деан Дамјановски. Ова е претстава за сите генерации, велат тие и ја канат публиката на речиси едночасовно релаксирање
Трпејчани откриваат нови детали за „ИВИРЕ“
Трпејчани откриваат нови детали за „ИВИРЕ“.
Хуманитарно велосипедско возење за сите љубители на природата
Во рамки на Програмата за промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА) ПХВ тимот на млади на Црвен крст Охрид организира Хуманитарно велосипедско возење за сите љубители на природата и здравите животни навики.
Охриѓани го слават својот чудотворец Свети Еразмо Охридски
Овој свештеномаченик познат по своите чудотворни моќи, игра огромна улога во ширењето на христијанството во Охрид.
Апарат кој живот спасува
Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид, наскоро започнува со спроведување на обуката за ракување со полуавтоматски надворешни дефибрилатори.
Водовод Охрид ќе поставува бар кодови за полесно читање на водомерите
Од МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод-Охрид ги известуваат сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува јавното претпријатие, дека ќе започне со имплементација на новиот проект кој се состои од монтажа на картички со бар кодови.