Воспоставена соработка меѓу воздухопловниот ВИНГ на АРМ и ПСС од Охрид
Со одобрение на Министерството за Одбрана и Генералштабот на Армијата, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид започна многу значајна соработка со армискиот воздухопловен ВИНГ, која во иднина ќе се продлабочува, со цел зголемување на ефикасноста и економичноста на спасителните операции.
Бели гулаби, песнички и искрени пораки за мир од најмалите охриѓанчиња на Меѓународниот ден на мирот
Порака за крај на војните и насилствата низ целиот свет упатија и членовите на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца. Традиционално, за овој ден, беше прочитана и пораката за мир упатена од генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун.
Каналите и речните корита натрупани со отпад и обрасната со бујна вегетација
Каналите и речните корита час поскоро треба да се исчистат бидејќи најавено е дека во наредниов период ќе има обилни врнежи од дожд. Од Локалната велат дека од утре екипи на општината и од ЈП „Комуналец“ ќе одат на терен и ќе ја снимаат состојбата.
ЛС: СДСМ невешто критикува по наредба од централата во Скопје
Свесни сме дека од партиската централа во Скопје од СДСМ Охрид добиваат насоки за континуирано критикување на вредното работење на градоначалникот Никола Бакрачески и локалната самоуправа но тоа го прават многу невешто и со секоја прес-конференција си даваат авто голови отворајќи прашања кои што воопшто не им одат во прилог, се вели во реакцијата на општина Охрид на денешната прес конференција на општинската организација на СДСМ од Охрид.
Недостатокот на комуникација меѓу родителите и децата води кон оттуѓување на семејствата
Недостатокот од истата, според експертите, единствено резултира со давање погрешни примери кои децата треба да ги следат. Во овој сегмент, според нив, исклучително важно е целокупното окружување на децата, нивните родители како и воспитувачите во градинките, да делуваат заеднички и во ист правец.
Од ОО на СДСМ укажуваат на лошата инфраструктура во населбата Видобишта
Од ОО на СДСМ укажуваат на лошата инфраструктура во населбата Видобишта.
Детското паркче кај каналот Студенчишта ќе се проширува
Детското паркче кај каналот Студенчишта ќе се проширува.
Излеана штетна течност по Охридското Езеро
Непозната течност формира маслена дамка во Охридското Езеро на градскиот кеј на потегот пред Ројал вју кон Милениум. Екологистите бараат расветлување на случајот и да се отстранат пловните објекти кои го загадуваат езерото.