Skip to main content
Окт 27, 2015

Фреските во Св. Богородица Перивлепта полека ама сигурно го добиваат својот некогашен сјај. Десетина конзерватори од земјава и двајца експерти од УНЕСКО секојдневно работат на овој сложен проект. Ќе се прави и конакот на црквата, а целиот проект треба да заврши до наредната година.


Јул 11, 2021

Нарушен јавниот ред и мир во казино во Охрид, тепачка во автокампот „Градиште“, помор на риба во рибник кај месноста Речица. Погледнете го најновиот СВР Билтен.


Окт 27, 2015

Центарот за култура Григор Прличев има потреба од поголем простор. Се чека одговор за решавање на потребите од нова театарска сала и галериски простор. Потреба има и  од поекономично  затолувње  на објектот  во зимските месеци. На потег е ресорното министерство за култура со избор на начинот на решавање на проблемот дали  ќе се прошири, догради  или ќе се изгради нов објект.


Окт 27, 2015

Главната сообраќајна артерија на Охрид булеварот „Туристичка“, со тротоари во лоша состојба, дупки и крпеници од бекатонки и асфалт. Охриѓани, од градската власт или од надлежните за оваа сообраќајница, бараат квалитетна санација на овој прометен пат, пред се, заради заради безбедност на сите учесници во сообраќајот.


Окт 27, 2015

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци  и прекурсори“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.Х.(30) од Измир Република Турција.


Окт 27, 2015

Учениците кои се дел од ликовната секција од ова основно училиште деновиве пристапија кон акција за разубавување на средината во која минуваат добар дел од денот.


Окт 26, 2015

Доколку временските услови ги послужат, од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици велат дека целосното асфалтирање наскоро би било завршено.


Окт 26, 2015

Семејството Илбер кое требаше деновиве да биде иселено од бараката во која живее веќе петнаесет години, а за што ТВМ во неколку навратти информираше, засега останува во својот дом. Директорот на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов вели дека ќе имаат одредена толеранција додека семејството не се снајде каде да се смести, но додава дека ова е само привремено и дека треба да се изнајде целосно решение за овој проблем.