Skip to main content
Јул 29, 2015

Галичица крие прекрасни пештери кои се недоволно истражени. Љубителите на спелеологијата ќе имаат ретка можност да видат нешто што досега никој не го видел. Екипата на „ Bottom Time “ од Охрид во соработка со Спелеолошкиот клуб „ Златоврв“ од Прилеп организираат петтдневен спелеолошки камп.


Јул 29, 2015

 Урбанистичките проблеми најмногу им задаваат главоболки на охриѓани.


Јул 29, 2015

Охридската полиција ја пронајде жената која беше пријавена за исчезната.  10 часа, траеше потрагата на тимови од Црвен Крст и езерската  полиција откако синоќа од роднини било пријавено нејзино исчезнување. Жената ја прифатиле медицински екипи, била контактиблна и во добра состојба.


Јул 29, 2015

Екипата на „Bottom Time“ од Охрид во соработка со Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп организираат спелеолошки камп на Галичица кој ќе се одржува во периодот меѓу 4 и 9 август.


Фев 22, 2022

Засилени инспекциски контроли во охридско струшкиот-регион. Државниот пазарен инспекторат, УЈП и полицијата ги чешлаат кафулињата и рестораните. Најчестите прекршоци кои се констатирани се непочитување на Законот за заштита од пушење, присуство на малолетници и немање вакцинални сертификати.


Јул 29, 2015

Со цел поттикнување и афирмација на урбаната култура, на 31.07.2015 година (петок) на Скејт паркот во Охрид, Центарот за интегриран развој – Охрид (ЦИРО) во соработка со Општина Охрид, за прв пат ќе организира целодневен музички настан надополнет со национален Скејт и BMX натпревар под името “Алтернативно Лето Охрид” (АЛО).


Јул 1, 2021

Русите се заинтересирани за Охрид како туристичка дестинација, но и како плодна почва за инвестиции. Со стартот на авио линија Москва – Скопје се очекува поголемо туристичко и економско поврзување на двете земји.


Јул 29, 2015

Во текот на денешниот ден, среда, во периодот од 10 до 13 ч., ќе има прекин со водоснабдувањето во село Требеништа, информираат од општина Дебарца.