Улиците претворени во паркинг
Проширените зони на паркинзите и највата за наплата на паркинг на улици каде никогаш порано немало таква пракса, ја разбрануваа охридската јавност.
Градскиот хор Вокс Лихнидос се подготвува за својот годишен концерт
Звуците на Билјана платно белеше ќе се разлеат во Св. Софија. Градскиот хор Вокс Лихнидос неа и уште единаесет нумери ќе ги изведе на својот годишен концерт кој ќе се одржи наредната недела. Охридскиот градски хор постои повеќе од 60 години и работи исклучиво на ентузијазам и љубов на оние кои ја сакаат хорската музика.
Започнува „Баскерфест“
Започнува „Баскерфест“. Во овој театар на отворено кој што ќе се одвива низ охридската чаршија и градскиот плоштад ќе можат да уживаат сите кои сакаат интерактивна забава. Артисти од целиот свет ќе изведуваат перформанси од кои застанува здивот.
Со новиот закон за енергетика ќе се намалат трошоците на граѓаните
Либерализацијата на пазарот со новиот Закон за енергетика ќе им стави крај на монополите а на граѓаните ќе им се намалат трошоците и ќе бидат заштитени од евентуални ценовни шокови кај електричната енергија. Ова го истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на Меѓународната енергетска конференција „Македонски енергетски форум – 2018“ што денеска и утре ќе се одржува во Струга во организација на Владата на Република Македонија, АД ЕЛЕМ, Амбасадата на САД и институтот ЗИП.
По 4 децении во општина Охрид ќе се гради ново училиште како донација од ТИКА
ОУ „Братство и Единство“ ќе добие нов и комплетно опремен објект и спортска сала како донација од турската агенција за соработка и координација ТИКА. Градоначалниокот на Охрид и претседателот на агенцијата за Блаканот потпишаа меморандум за реализација на овој проект.
Повторно одложена претставата „Крик за љубов“
ОО на ПОЕН : Градоначалникот Јован Стојаноски повторно да го активира Локалниот совет на млади
Општинската организација на Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН бара од Градоначалникот Јован Стојаноски и локалната самоуправа повторно активирање на Локалниот совет на млади. А од власта на централно ниво да започне постапка за спроведување на процесот на младинска гаранција и на територијата на град Охрид, како општина со највисок процент на иселеност на млади луѓе во државата.
ОК ВМРО ДПМНЕ: Скандалозна одлука на управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ со која поскапуваат цените за паркинг
Скандалозна одлука на управниот одбор на ЈП Билјанини Извори со која поскапуваат цените за паркинг. Претпријатието во започната туристичка сезона планира проширување на зоната каде паркирањето најскапо се наплатува и наплата на паркинг на улици каде таква услуга никогаш немало, обвинија денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ охрид.