Продолжува акцијата „Се грижиме за топол дом“
Машини за перење, фрижидери, велосипеди и слично им се најпотребни на граѓаните од ранливата категорија од Охрид. Сеуште е во тек акцијата на Министерството за труд и социјална политика „Се грижиме за топол дом“.
СДСМ: Советниците на ДПМНЕ дигнаа два прсти за урбанистичките планови кои ги критикуваа
Искривувње на вистината и нејзино прикажување во погрешен манипулаторски контекс со цел освојување на Власта, е главно обележје на работењето на градската власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ, обвинуваат од ОО на СДСМ. Овие обвинувања доаѓаат после вчерашната седница на која беа донесени неколку Урбанистички планови.
Илија Боев, Јаким Каневче и Љупчо Маслов раскажуваат за чудо со ликот на Богородица од пред 6 децении
Возрасни граѓани од Стариот дел на Охрид сведочат за силата Господова во најголемото духовно светилиште во земјава. Денес наполниле по 80 тина години, но како вчера да било се сеќаваат на Божјото чудо, кое се случило пред околу шест децении во близина на црквата Свети Никола Геракомија.
13ти Канео фест
Фестивалот на новокомпонирани македонски песни, Канео Фест годинава по 13ти пат на летната сцена на Долни Сарај. Преку триесеттина песни на фолк и поп вечерта, но и многу ревијални настапи на познати музички имиња од македонската сцена.
Паркинг просторот кај капетанија- само за околните куќи
Ова паркиралиште ќе биде од затворен тип, односно него ќе можат да го користат жителите кои гравитираат во негова близина, а кои за таа цел поднеле барање до локалната за право на користење.
Временското ограничување за скутерите стартува од денес
Временското ограничување на пловидбата на скутери во Охридското Езеро стапува на сила денеска.
Во Охрид ќе се организира Лидерска академија за жени
Врвни обучувачи од Германија, Турција, Португалија, Холандија, Нов Зеланд, САД, Хрватска, Данска, Литванија, Италија и Македонија ќе бидат дел од првата „Лидерска академија за жени“, која од 16-25 јули 2014 година ќе се одржува во Охрид.
Литургии по повод Св.Наум Охридски
По повод манастирската слава на манастирот „Свети Наум Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 2 јули 2014 година (среда), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудо-творец“, со почеток во 19.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.