Превенција од провални кражби
„Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес во 18 часот го организира во во малата сала при општината Охрид.
Туристички сојуз: Преставувањето на саемите за туризам од страна на АППТ е само про форма
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на саемите на кои што оди не ја преставува државата како што треба, обвиниваат од Туристичкиот сојуз на Охрид. Потенцираат дека преставувањето на саемите е само про форма и дека од тоа развојот на туризмот во државава нема некој поголем бенефит. Од Агенцијата велат дека секој саем е посебна приказна и дека тие на најпрофесионален начин се подготвуваат за промоција пред заинтересираните клиенти.
„За посреќно детство“ по осми пат
Младите охриѓани ќе имаат можност преку своите спортски вештини и способности да ја искажат својата хуманост. Во организација на општинскиот Црвен крст по осми пат ќе се одржи хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ За посреќно детство“. Традиционален партнер на акцијата е Стоматолошкиот Центар Д-р Баткоски.
Убавините на Охрид и езерото презентирани во нов современ водич
Убавините на Охрид и езерото презентирани во нов современ водич. Џепната фотопубликација е насловена како „Охрид на брегот на вечното езеро“. Станува збор за промотивен материјал изработена по современи светски стандарди како водич за патување низ фотографии и текст. Автори се пасиониран фотограф и туристички водич кои даваат заеднички придонес за Охрид да има што повеќе гости.
Во Охрид презентирана „Православната енциклопедија“, историско дело за православниот свет“
Најголемото енциклопедиско дело за православието во светот, „Православна ециклопедија”, денес беше презентирана во Охрид. На свеченоста организирана од Универзитетот „Св Кирил и Методиј и Амбасадата на Руската федерација во Скопје, беше потенцирано дека „Православна ециклопедија”, претставува информативно издание, кое ќе даде сеопфатна информација од 2000 годишната историја, до информација за современата состојба на православната ехумена, како и да ги запознае на читателите со другите христијански конфесии и нехристијански религии.
Голем еколошки проблем
Потегот на улицата Крум Точков, во пределот помеѓу Калето и реката Грашница е оставен и претворен во целосна депонија каде се остава отпад од секаков вид од страна на несовесните грагани, реагираат граѓани.
Се интензивираат активностите на ЈП „Нискоградба“
Во тек се низа градежни активности на јавното претпријатие „Нискоградба“ на Булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“.
Почина работник од Албанија кој извршувал работни обврски во Свиништа
Шумски работник од Албанија, почина од повредите со кои се здобил додека ги извршувал работните обврски во Свиништа.