WE MAKE „Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“, промовиран во Струга
Претприемништвото секогаш има потенцијал и нуди можности, доколку се препознае. За жал во нашата земја сеуште е мал бројот на жени претприемачи. Денес во Струга се одржа промотивен настан на проектот WE MAKE „Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“.
Недела на животната средина
Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности.
Протест на струшките издавачи на педалиники против забраната на овие реквизити
Одлуката за забраната на употреба на педалинките на струшките плажи во прашање ја доведува егзистенцијата на 20 семејства, реагираа сопствениците на педалинките на денешниот протесен совбир. Тие бараат преиспитување на одлуката на советниците, собираат потписи против оваа одлука и велат дека истата ќе ја обжалат до Уставен суд.
Струга домаќин на социјалните бизниси од Југозападниот регион
Градот Струга наредниве три дена ќе биде домаќин на социјални претприемачи од Југозападниот регион кои што ќе бидат дел од едукативната програма „Развој на одржливи социјални бизниси“ која што ќе се одржува во хотелот „Дрим“.
Средба на градоначалникот Стојаноски со претставници на здружението на херои на Македонија
Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со претставници на Здружението на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија „ Херои на Македонија 2001-2015“ . На средбата на која учесвуваше и началникот на Секторот за внатрешни работи од Охрид Сашо Смилески, претставниците на здружението побараа вклучување на Локалната самоуправа во одбележувањето на ликот и делото на загинатите бранители.
ЗАПОЧНА 12-ТАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТА
Вчера, во Охрид започна 12-тата по ред Меѓународна конференција од областа на безбедноста, во организација на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Темата на овогoдинешната конференција е „30 години независна македонска држава“.
Ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека ден 31.05. 2018год. (четврток) екипа на Центар за јавно здравје Охрид Ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци .
„Мој Охрид, чист Охрид“ – пример кој треба да се следи
„Мој Охрид, чист Охрид“. На 9ти јуни охриѓани ќе го чистат крајбрежниот појас од Воска до Пештани, во пресрет на главната туристичка сезона. Организаторот, менаџерот на охридското Супер радио, Сашо Митаноски повикува на масовен одзив на охриѓани бидејќи чистата животна средина е за доброто на сите нас.