Skip to main content
Мај 29, 2018

Високиот водостој на Охридското езеро  им прави големи штети на угостителите и жителите на крабрежјето. Подолг временски период и при мртов бран се поплавуваат терасите и се подлокува земјиштето и се нарушува стабилноста на куќите. Загрижените угостители и граѓани апелираат Елем веднаш да ги отвори испустите и да ја почитува законски пропишаната висина на квотата на водостојот. 


Мај 25, 2018

Бројни охриѓани, но и гости  од земјава и странство синоќа уживаа во концертот на неповторливиот Горан Трајкоски, што се одржа на градскиот плоштад во Охрид. На концертот беа изведени дела од неговиот најнов проект „Тешкиот глас на новите химни“.


Мај 23, 2018

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со делегација од градовите Тутлинген и Меринген од германската покраина Баденвитенберг, предводена од  Клингештајн  Хервиг градоначалник на Меринген


Мај 23, 2018

Делегација на Република Словачка, предводена од амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш, во придружба на потпретседателот на Жилинскиот самоуправен регион, Милан Лауренчик, генерелниот викар на епархијата на Жилина, како и градоначалникот на Терхова, Јозеф Давидик и директорот на градскиот културен центар Терхова, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.


Мај 22, 2018

Почитувани сограѓани и припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија,
Прославувањето на Националниот ден на Власите како празник, претставува симбол за почит кон Влашката култура и Влашкото малцинство што живее на овие простори.- стои во честитката на градоначалникот, Јован Стојаноски.


Сеп 14, 2021

Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.


Мај 28, 2018

Елена Мошуц, светската оперска дива ќе го отвори 58то издание на Фестивалот Охридско лето. Со настапот на Мошуц продолжува традицијата најголемите светски ѕвезди да настапат на отварањето ма овој реномиран фестивал. Селекторите кажаа дека со понудената програма и ексклузивните уметници, Охрид ова лето ќе стане  вистинска културна метропола.


Мај 26, 2018

Кучињата скитници се повеќе ги има низ охридските улици, но дали тие стануваат и се поагресивни? Расте бројот на пациенти кои примаат вакцина против беснило поради каснување од улично куче, откриваат од Центарот за јавно здравје. Докторите укажуваат на последиците од каснувањето на куче, но и од вакцината која се прима против беснило.