На црна темница пред домовите се жалат граѓани од стар град
На црна темница пред нивните домови се жалат граѓани од стар град. Досега нема улично осветлување иако пред месец и половина побарале од фондот за комунални дејност замена на прегорените светилки. Од секторот за комунални дејности, пак тврдат дека на нивната листа на чекање подолго време нема такви локации. Се пофалија дека по потпишувањето на договорт со чешката фирма за одржување на јавното осветлување се работи на замена на постојните со подобри лед светилки.
Муслиманите го празнуваат Курбан Бајрам
Околу 600 муслимански семејства од Охрид денес ќе имаат богата празнична трпеза, за големиот муслимански празник Курбан – Бајрам. И годинава традиционално, фондацијата Атлас од Охрид, ја организираше древната традиција на ритуалот на принесување жртва за големиот празник. Курбан-бајра секогаш е дополнителен повод муслиманите да извршуваат добри дела. Традиционално се оди на посета кај роднините и најблиските пријатели, при што се даваат дарови и се донира за сиромашните.
Жестока расправа за изградба на мала марина на старото пристаниште
Мала марина, но голема дискусија. Информацијата за физибилити студија за оправданост од воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за изградба и управување со „мала марина“ на локација мало пристаниште во Охрид, предизвика лавина од реакции во градскиот совет. Реагираа опозиционерите, ама и некои од позицијата. Сметаат дека со изградба на марина на овој простор се загрозува животната средина, се деградира просторот и се губи автентичноста на Охрид. За градионачалникот овие забелешки се само политичко поентирање и ништо повеќе.
Преку швајцарски искуства до повеќе странски туристи во Охрид
Потпишан меморандум за соработка помеѓу охридската Локaлна самоуправа и швајцарскатa фондација SWISSCONTACT. На овој чин беше присутен и швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото. Со меморандумот ќе се користи швајцарска екпертиза за изработка на Стратегија за туризам на Охрид. Предвидена е и соработка на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид со Универзитетот „Сент Гален“ од Швајцарија.
Жителите од Лескоец бараат раскопаната ул. Илија Смически да се асфалтира
Жителите на ул „Илија Смически“ од село Лескоец“, во лето голтаат прашина, кога врне газат во кал, поради неасфалтираната улица која веќе една година се реконструира. Трпението кај мештаните попушта, а надлежните ветуваат дека набрзо проблемот целосно ќе биде надминат.
Не може да се надгледува целата површина на градските гробишта за да се спречат вандализми
Санирани оштетените надгробни споменици во муслиманските и христијанските гробишта кои беа мета на вандали. Од Градски грибишта велат дека не е направена голема материјална штета. Во врска со физичкото обезбедување на гробиштата од таму велат дека не можат да го контролираат целосно бидејќи се работи за голема површина.
Фрлени темелите на фабриката на ОДВ Електрик
Денес беше означен почетокот на изградбата на гринфилд објектот на германската компанија ОДВ Електрик во зоната.
Субвенциониран оброк за редовните студенти од државните и приватните универзитети
Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните високообразовни установи.