Субвенции за уште 100 охридски семејства
Уште 100 лица ќе ги искористат буџетските средства на општина Охрид за субвенционирање трошоци за комунални давачки во висина од 600 денари. Охридските советници главно ја подржаа оваа одлука, но одредени советници имаа и забелешки.
Ден на идеи во Охрид
Граѓаните кои имаа некаква идеја, проект или предлог денес можеа да ги напишат и да ги достават до службите во Локалната Самоуправа и Јавните претпријатија.
Намален бројот на откажувања на туристички аранжмани, хотелиерите очекуваат успешна сезона
Туристичките работници денес на работен појадок со градоначалникот Бакрачески. Тие дискутираа околу состојбите во туризмот во Охрид, но и непосредните ефекти на заложбите на локалната самоуправа, министерствата за надворешни работи и конзуларните претставништва за надминување на ситуацијата со откажување на туристичките аранжмани.
Богослужби и литургии по повод „Св.Еразмо Охридски“
По повод манастирската слава на манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 14 јуни 2015 година (недела), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“, со почеток во 19.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Дел од советничката коалиција на опозицијата ја напушти седницата во охридскиот совет
Дел од советничката коалиција на опозицијата во охридскиот Совет ја напушти седница.
Извештај од консултативен состанок со Европската банка за обнова и развој
ЕБОР како финансиер на предложениот експресен пат Охрид-Пештани (предвидена вредност: 50 милиони евра) оваа недела организираше серија консултативни состаноци со невладиниот сектор и со локалната власт.
471-на санкција за пребрзо возење, од нив 67 на територијата на СВР Охрид
Во текот на вчерашниот ден, 27-ми јуни 2021 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Убиство и обид за убиство во Кичево
Убиство и обид за убиство на сред бел ден на градскиот плоштад во Кичево. Жител од Другово со неколку убоди од нож го усмртил сопствениот постар брат, а исто така тешко ја повредил и неговата сопруга.