Започнуваат уписите во клубот за спортови на вода „Акватика“
И ова лето охриѓанчињата ќе можат да учат како да едрат. Започнуваат уписите во клубот за спортови на вода, „Акватика. За да се совлада овај воден спорт најважна е желбата и немањето страв од вода, велат инструкторите.
Во Охрид ќе се прават патеки за слепи лица
Лицата со оштетен вид полесно ќе можат да стигнуваат до институциите во градов, а и ќе можат без придружба да се шетаат по кејот. Во градов ќе се прават тактилни патеки за слепи лица. Се размислува и за отварање дневен центар за деца со оштетен вид.
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за нови цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Прва годишнина на прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО
На 11. Јуни се одбележува една година од прогласувањето на регионот Охрид Преспа за Прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО.
Локалната од Охрид организира „Ден на идеи“
Локалната самоуправа, на 12 јуни 2015 година (петок) на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, во времето од 10 до 18 часот организира ДЕН НА ИДЕИ.
Со правилна исхрана до превенција на ракот на дојка
Докторите специјалисти од оваа област апелираат државата да поведе поголема сметка за реализација на истражувањата за тоа колку храната влијае на појава на оваа болест. Загрижувачко е што секоја година бројот на заболени жени расте, а се зголемува и бројот на мажи кои имаат карцином на дојка.
Ќе се отвара пливачкиот базен на СРЦ „Билјанини извори“
Пливачката сезона во градов ќе започне кон крајот на месецов. Се подготвува отворениот базен на СРЦ „Билјанини извори“. Од утре започнуваат и уписите во пливачката школа „Делфина 2012“.
Екстрадиран осомничениот за двојното убиство во Охрид
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден ја реализираше ектрадицијата на Б.П.(31) од Охрид осомничен за двојно убиство сторено на 21.08.2014 година.