Општина Охрид сеуште не добила дел од касарната
Општина Охрид сеуште не добила дел од касарната.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАВНО РЕГУЛИРАЊЕ НА ЗАКУП НА ПАРКИНГ МЕСТО „ГОРНА ПОРТА“
ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека од денеска 26.05.2021 година до 04.06.2021 година, ќе се пристапи кон правно регулирање на закупот на паркинг место „Горна Порта“ со кое претпријатието стопанисува согласно одлука на Советот на општина Охрид.
Охридски староградски средби по 26-ти пат
Старите, автетнични песни, со навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, по дваесет и шести пат пред публиката.
Бакрачески си поигрува со оние вработени во општинската зграда во Косел, обвинуваат од ОО на СДСМ
Од СДСМ обвинуваат дека дел од вработените во општина Охрид незаконски, непрофесионално и сосема непотребно веќе 9 месеци се преместени да работат во село Косел. Од таму велат дека ветувањaтa дадени пред неколку месеци од страна на градоначалникот дека целата општинска администрација ќе се ротира и по неколку месеци ќе работи во Косел се само празни ветувања.
Општинската организација на СДСМ денес одржа прес конференција во врска со вработените во општина Охрид кои според нив незаконски, непрофесионално и сосема непотребно веќе 9 месеци се преместени да работат во село Косел. Од СДСМ обвинуваат дека таму нема никакви услови за работа, ниту пак луѓето имаат контретни работни задачи, а за патувањето до новото работно место во Косел, не им биле покриени ни патни трошоци.
–Поради ваквото поигрување од општинската власт и градоначалникот Никола Бакрачески, овие вработени секојдневно трпат малтретирања и понижувања од страна на општинската администрација. Од општина Охрид во Косел се префрлени стручни работници, од одделението за соработка со меѓународни организации, одделението за збратимени градови, екологија и неколку возачи, вели Александар Кузески-портпаролот на ОО на СДСМ.
Оправдувањата од градоначалникот Бакрачески и власта на ВМРО-ДПМНЕ за префрлувањата на административците во Косел поради наводни средби со граѓани, за општинската СДСМ се смешни и неоправдани бидејќи до сега не била одржана ниту една таква средба, тврдат од таму. Тие го обвинуваат градоначалникот дека ветувањaтa дадени пред неколку месеци дека целата општинска администрација ќе сев ротира и по неколку месеци ќе работи во Косел се само празни ветувања.
–Факт е дека од почетокот до денес нема ротација на вработените, очигледно тие што се пуштени во Косел се со некоја намера. Овој проект е тотално неуспешен, вели Кузески.
Кузески го пренесе апелот на СДСМ до власта на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот веднаш да прекинат да ги малтретираат општинските работници во општина Охрид.
{loadposition content9}
Извлеченa ждребката за Меморијалниот фудбалски натпревар
Денеска беа извлечени играчите на двата тима што ќе играат в недела на Меморијалниот фудбалски натпревар што го организира локалната медиумска заедница од Охрид во спомен на прерано починатите колеги, ДЏ Пантер и ДЏ Бруце од охридското Супер радио, колегата Петар Алексоски од ТВМ и Јован Слатинец-ДЏ Мравка.
Градската марина ќе се гради на потегот помеѓу каналот Студенчишта и х. Парк
Проектот ќе се реализира по пат на јавно-приватно партнерство, а за истиот ќе треба да се обезбедат и локации за придружни објекти со кои приватниот партнер ќе ја враќа својата инвестиција.
Локалната самоуправа исправена пред избор од две зла помалото
Локалната самоуправа исправена пред избор од две зла помалото.
Долгот на општина Охрид, намален за 4 милиони евра
Долгот на општина Охрид, намален за 4 милиони евра. Тоа за прв пат се случва во историјата на општина Охрид, вели градоначалникот Никола Бакрачески. Наследивме незапамтен долг во историјата на Р. Македонија, но благодарение на нашата посветеност во справување со должничката криза уште од првиот ден на нашиот мандат се зазедовме со решавање на овој горлив проблем, додава градоначалникот.