Се губи автентичниот дух на охридската чаршија
Ги нема веќе старите занаети, а и квалитетот на стоката која се нуди во охридската чаршијата е многу послаб од порано, велат старите еснафи. Таа денес личи на кичерај каде се нуди се и сешто. Бараат поголема грижа од локалната за да се зачува барем мал дел од белезите кои преостанале.
Ново минирање на патот Охрид-Кичево
Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, денеска, 17-ти август, ќе има прекин на сообраќајот на оваа магистрала.
Стојановски: Земјоделците препуштени сами на себе
Охридските социјал демократи денес на прес конференција побараа одговор од градоначалникот Бакрачески, каде е откупно дистрибутивниот центар со ладилник во село Лакочереј, проект ветен во предизборната програмата а сеуште нереализиран. А обвинија дека власта земјоделците ги оставила сами на себе без никаква помош и сеуште не им ги исплатила парите од откупот на јаболка од минатогодишната реколта.
Поетска ноќ во Велестово
Моето творештво на овие височини, на овој божествен предел меѓу две неба, е недоискажана. За неа треба сеуште да се пишува, твори и импресиите да се споделат со со публиката на манифестацијата „Поетска ноќ во Велество“ . Овие зборови синоќа ги кажа лауреатот Веле Смилески, на кого беше посветено годинешново издание на манифестацијата.
Основните училишта во градов се подготвуваат за новата учебна година
Се прават последните подготовки за почнување на новата учебна година. Основните училишта во градов интензивно работат на подобрување на условите за одвивање настава. Средствата од буџетот на општината делумно ги задоволиле потребите за санација на училиштата, а делумно зафатите се направиле од спонзорства.
Сликарот од Канада, Мајкл Клосе личната архива ја предаде на охридскиот архив
Сликарот од Канада, Мајкл Клосе личната архива ја предаде на охридскиот архив.
Семејното насилство во Охрид алармантно
Во Центарот за социјална работа дневно пристигнуваат најмалку по две пријави за насилство. Насилството има во браковите и со подолг и со пократок брачен стаж. Социјалните работници велат дека овој социјален феномен се должи на намалената толеранција предизивикана од пандемијата.
Дебрца подготвува нова дејност
Управување со гробните површини во селата во општина Дебрца е нова дејност која ќе се воведува во рамки на ЈП за комунални дејности Градоначалникот Игор Трајкоски ја прибира потребната документација. Досега немале законска можност за тоа, но со иземените на Законот за гробишта и погребални услуги, им се нуди таква можност.