Холандска брошура, туристички водич за Охрид
На холандските туристи не им е потребен туристички водич за Охрид. Тие се водат по брошурата изготвена од неколку холанѓани кои пред една година го посетиле градов и ги маркирале сите најзначајни места, локалитети и дуќани кои го задржале нивното внимание. Добрата промоција во странство и убаво спакуваната приказна за Охрид се рецептот по кој ќе имаме успешен туризам и економски бенефит, велат туризмолозите.
АД Галеб бара поништување на одлуката за општински линиски превоз
АД Галеб бара поништување на одлуката за општински линиски превоз.
„Корендон“ пофали шест хотели на Охридското крајбрежје
Шест високи признанија додели туроператорот „Корендон“ на хотели лоцирани долж Охридското крајбрежје. На листата признанија за 2014, се најдоа три охридски и исто толку струшки хотели, „Силекс“, „Десарет“, „Метропол“, „Дрим“, „Макпетрол“ и „Изгрев-Спа и Аквапарк“.
Поставен камен темелник на резервоар за вода во Требеништа
Се решава деценискиот проблемот околу водоснабдувањето во село Требеништа. Денес градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски фрли лопата на камен темелникот за изградба на нов резервоар. И не само тоа мештаните ќе добијат и нова водоводна мрежа, бидејќи во постапка е замена на старата.
„Бука“ во три угостителски објекти во Охрид, поголема од дозволената
Повеќе угостителски објекти во Охрид беа опфатени во седум акциски контроли што СВР Охрид изминативе денови ги изврши самостојно но и во содејство со надлежните инспекциски служби од локалната самоуправа.
Свечено доделување на дипломите на охридските гимназијалци
Во чест на генерацијата матуранти 2014/15 денес во училишниот двор при ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид ќе се одржи свеченото доделување на дипломите на матурантите од охридската гимназија.
Огласите за вработувања во Општина Охрид се дел од годишниот план за вработување
Тивко се одржа 60-та седница на советот на Општина Охрид. За истата ниту медиумите, ниту граѓаните не беа известени благовремено поради како што велат од Локалната технички пропуст. Вчера се гласаше по пет точки на дневен ред, од кој најактуелна за опозицијата беше измената на планот за вработување.
30 дена притвор за прилепчанец и скопјанец
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(30) од Прилеп и Ф.Ј.(21) од Скопје.