Skip to main content
Јул 23, 2015

За брзо време плажата „Сараиште“, ќе биде готова за охриѓани и бројните туристи. Оваа песочна плажа во центарот на градот е соодветно уредена со сите потребни содржини и ќе биде бесплатна за користење.


Јул 1, 2021

Денеска и утре во Охрид и Отешево ќе се сретнат лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Низ големиот број на панел дискусии, панелистите ќе се осврнат на носечката тема на конференцијата Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна.


Јул 23, 2015

Од Јавните претпријатија во градов велат дека ги  реорганизирале работните активности на градежните работници кои работат на отворено. Оваа владина препорака ја почитуват и дел од приватните градежни фирми кои функционираат во градов.


Јул 23, 2015

Охрид е меѓу првите градови во земјава кој доби вредна донација, одбројувачи за семафори од Републичкиот Совет за безбедност на Македонија. Со тоа ќе се подобри безбедносната состојба на сите учесници во сообраќајот, посебно на пешаците како најранлива категорија, смета градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, како и претставниците од републичкиот и општинскиот Совет за безбедност.


Јул 23, 2015

Од Дебарско-кичевската епархија ги информираат своите православни верници дека на 26 јули недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“ ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на Свети Архангел Гаврил“.


Јул 23, 2015

Од денеска до 5 август се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси во термин од 7 до 17 часот, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Јул 23, 2015

Поради големиот интерес за концертот на славниот пијанист Иво Погорелиќ кој на 25 овој месец  ќе настапи во црквата Света Софија, Охридско лето направи напор да обезбеди уште еден дополнителен концерт на 26.07.2015 ( недела).


Јул 22, 2015

За жал сеуште малку е направено за еден од најзначајните македонски писатели на дваесеттиот век Живко Чинго, смета академик Милан Ѓурчинов, кој денес во Уранија имаше своја реч за делата на големиот автор Чинго. Тој смета дека на брегот на езерото треба да се постави споменик бидејќи неговата уметничка вредност го заслужува тоа.