Започнаа подготовките за изградба на луксузен бутик хотел над плажата Горица 3
Започнаа подготовките за градба на луксузен хотел над плажата Горица 3 .
Лажен полицаец изнудива пари од жители на Охрид, Струга и Кичево
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое, деновиве преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, Струга и Кичево, лажно се претставува како полициски службеник.
Оперските ѕвезди Фритоли и Нучи на средба со претседателот Иванов
Италијанските ѕвезди го отвораат годинешното издание на фестивалот Охридско лето.
Прекршочни и глоби за продавачите на фалсификувана роба на охридскиот пазар
Ова е епилогот од акцијата на координативното тело за заштита на интелектуална сопственост спроведена во текот на вчерашниот ден. Во истата биле исконтролирани и приватни здравствени установи, но и кабелски оператори. Кај нив, велат дека се работело според законот.
Редици пред Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН Охирд
Доколку сакате да платите сметка на шалтер во Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН во Охрид, не планирајте ништо друго за тој ден и добро истренирајте ги нервите. Ова е советот од граѓаните кои со саати чекаат ред за плаќање на сметките. Како што изминува рокот за плаќање така редиците се подолги а од двата шалтери работи само еден.
Пристигнаа ѕвездите што ќе го отворат Охридско лето
Денес на охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“, со специјален лет пристигнаа како што критиката ги најавува сопранистката Барбара Фритоли која важи за гламурозна певица со ангелски глас и баритонот Лео Нучи од Италија кој со своите уметнички способности ја маѓепсува публиката.
Жителите на улицата „Крали Марко“ бараат да се постави сферно огледало
Жителите на улицата „Крали Марко“ бараат да се постави сферно огледало поради слабата прегледност на оваа сообраќајница. Од Фондот за комунален развој и сообраќај велат дека мештаните треба да направат петиција и да ја достават кај нив па за да започне постапката за поставување огледало.
Државата ќе уредува 5 нови плажи на охридското крајбрежје
Државата ќе уредува 5 нови плажи на охридското крајбрежје
