Skip to main content
Јан 28, 2012

Во Горна Влашка маала отворен современ комплекс Св. Георгија. Во него функционира реномираната  стоматолошка  ординација по општа пракса д- р Баткоски. Но, сега надополнета со најнова стоматолошка опрема  работи и специјалистичката ординација по ортодонција.


Јан 27, 2012

Граѓаните со амин на коалицијата на охридските советници во наредниот период ќе добијат повисоки сметки за вода, канализација, па дури и за дел на комунални услуги. Советниците на ВМРО – ДПМНЕ, сметаат дека позади ваквите одлуки стои полутаен заговор за продавање на МЈП „Проаква“.


Јан 19, 2018

Иван Лотески најсреќен од стотината капачи кои денес запливаа во ладната езерска вода со желба да го фатат Светиот крст.


Јан 27, 2012

Охридските епидемиолози очи в очи со родителите за да ги разубедуваат во нивните предрасуди за ХПВ вакцината. Стручните лица ги убедуваат родителите во исправноста и безбедноста на ХПВ вакцината и нејзиниот позитивен ефект во спречување на ракот на грлото на матката  чиј предизвикувач е ХПВ вирусот.


Јан 27, 2012

Еден од најголемите празници во српскиот православен календар прославен со традиционално читање на песни за Свети Сава, но и со богата трпеза. За организацијата на оваа прослава повторно се погрижија од српско-македонското друштво „Коштана“.


Јан 18, 2018

Со вредна донација на Ротари клуб Охрид, беше овозможено да се обнови осветлувањето во централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“. Ротаријанците 2018 година ја посветуваат на децата во градинките.


Јан 27, 2012

Невообичаено четириесет и второ издание на седницата на совет на Општина Охрид. Некаде на половина од седницата, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ демонстартивно ја напушти општинската сала поради несогласување со некои од точките кои беа на дневниот ред.


Јан 26, 2012

Пропаднаа во вода шпекулациите дека во Охридските основни училиште на директорската фотеља ќе седнат староновите директори.  „Во Општинското Основно Училиште, Григор Прличев конкурсот е завршен, постапката е во тек и согласно законот и комисиската расправа, како и одлуката на училишниот одбор, градоначалникот ќе треба да се произнесе деновиве, по предлогот од Училишниот одбор“, вели претставникот од секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумовски.