Skip to main content
Мар 25, 2015

Во ОУ „Григор Прличев“ – Охрид во организација на Гете-Институт Скопје ќе се одржи работилница на германски јазиик на тема „Нови медиуми, подвижност и уметност“ раководена од референтот, уметник и педагог, Карстен Гале од Германија.


Мар 25, 2015

Во голема сала на Општина  Охрид ќе се одржи финалниот натпревар на „Ораторските средби“ кои општина Охрид ги реализира по повод 155 годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот” од Григор Прличев.


Мар 24, 2015

Денес градоначалникот на Охрид обелодени дека Дневниот Центар „Зраци“, доби грант од Австралиската амбасада во висина од 7 500 австралиски долари. Зоран Костојчиноски, дефектолог во Центарот, рече дека благодарение на поддршката од Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески, Центарот е во вистинска насока за одржување на континуитет во работата.


Јун 17, 2021

ЈП „Водовод“ ја поправа водоводната мрежа во Охрид, но зад себе остава раскопани улици, се жалат охриѓани. Фирмата избрана на тендер за репарирање на улиците е од Мала Речица и доцни со извршување на работните задачи. Граѓаните се жалат, пријавуваат раскопани улици на повеќе локации во градот, а од ЈП Водовод велат доколку фирмата продолжи со несовесно извршување на работните обврски ќе и биде раскинат договорот.


Мар 24, 2015

Каде ќе се дислоцира градскиот пазар кога ќе отпочнат градежните работи на современиот затворен пазар. Ова прашање го поставуваат пазарџиите, но од Локалната сеуште немаат одговор. Закупците на тезги во пазарот бараат подобрување на безбедоносните услови на пазарот без разлика каде ќе биде сместен.


Мар 24, 2015

Спорни  ингеренциите кој носи  решение за уривање на руинирани објекти во Охрид.


Мар 24, 2015

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување пари“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П. (24) од Охрид.


Мар 23, 2015

Тие денес со мирен протест низ неколку охридски улици, уште еднаш ги побараа своите плати и придонеси, но и ветената помош за олеснување во плаќањата кон охридските јавни претпријатија. Велат дека од она што досега им било ветено, ништо не е остварено.