Широко-опфатна акција за подигање несоодветно депониран отпад
Чиста и уредена околина, животна средина во која секојдневно рaботиме и живееме, се заложбите на ЈП „Охридски Kомуналец” кои ги има зацртано во своите активности. Но тоа сами не можат да го постигнат без заедничка соработка со секој граѓанин и правен субјект во борбата за повисока еколошка свест.
Охридски комуналец ќе подига кабаст отпад во центарот
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 09.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“ , „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“и нас.„Охридати“.
Тетовчанец вршел измами за загинати во сообраќајки и заработил 2.210 евра
2.210 евра заработил тетовчанец кој што вршел измами за загинати лица во сообраќајни несреќи. Против него е поднесена соодветна кривична пријава.
Денес протест против полициската бруталност во Охрид
Денес и во Охрид ќе се одржи протест против полициската бруталност, после Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци и Куманово.
Приведен пироман кој палел вегетација
Жител на Дебар вчера во попладневните часови палел нискостеблеста вегетација кај Инекс Горица, при што предизвикал пожар. Пожарот е изгаснат, а лицето приведено во СВР Охрид. Екипите на Секторот работат на случајот, односно откриваат под кои околности дошло до опожарувањето.
Донација на книги во детското одделение од охридската болница
Во рамки на спроведувањето на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) младите волонтери на Црвен крст Охрид реализираа проект со кој овозможија детското одделение при Општата болница од Охрид да се збогати со мини детска библиотека.
Титоистите со низа активности за настаните од НОВ
За нецела година охридското здружение на „Титоисти“ излегува со своја програма за работа како и со низа активности. Денес го одбележија Меѓународниот ден на трудот, се подготвуваат за јубилејот 35 години од смртта на Јосип Броз Тито, потоа за Денот на младоста 25 мај, како и за 29 ноември денот на формирањето на Југославија и заседанието на АВНОЈ.
Прекин на сообраќајот кај Лаванско речиште
Денес на патниот правец А2 Кичево-Охрид кај месноста Лавчанско речиште сообраќајот ќе биде во прекин, поради изведување на градежни работи, минирање.