Skip to main content
Јун 14, 2021

Православните христијани од Охрид и околината денеска и утре го слават светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец. По тој повод во манастирот Св.Еразмо во Охрид ќе има богослужба.


Фев 10, 2015

Жртвата по нападот била примена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. СВР Охрид против напаѓачот поднел кривична пријава за нанесување тешки телесни повреди а судот му одреди мерка притвор.


Фев 10, 2015

Твм денес се возеше со градскиот превоз за да дознае колку граѓаните се задоволни од неговото воведување. Мини автобусот беше претесен за сите патници кои сакаа да стигнат до својата дестинација. Охриѓани задоволни од линискиот превоз, а бараат и негово проширување.


Фев 10, 2015

Се сруши стара куќа на ул Гоце Делчев во Охрид. Само еден ден пред немилиот настан  Неџат Рамадан, самохран татко на две деца со пречки во развој решил да го напушти трошниот објект. Тој почуствувал дека куќата нема да додржи под снежните врнежи, па со децата се преселил кај соседот. Градоначалникот Никола Бакрачески вети дека Локалната самоуправа ќе помогне и финансиски и со материјал.


Фев 10, 2015

За пристаништето пред хотел Палас  заинтересирани две компании.


Фев 10, 2015

Само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови државни службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет.


Фев 10, 2015

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 фебруари  2015 година (недела), во црквата „Света Богородица“, – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Сретение Господово“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.


Јун 14, 2021

Пред 15 години, на 13 јуни 2006 година, почина охридскиот сликар Вангел Наумоски, еден од најуникатните примери на уметници кои со своите дела го обиколија светот и го донесоа во Охрид. Велат дека неговите поетски слики излегуваат од чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, стојат на границата меѓу сонот и јавето, царствата на растенијата, цвеќето и убавината на Охридските нимфи.