Skip to main content
Јан 5, 2015

Општина Охрид им благодари на СДСМ -Охрид ,  што толку “будно“ и “загрижено“ ја  следеле состојбата со снежното невреме во Охрид ,  па наместо веднаш  да помогнат со личен пример во  расчистување на снегот   пред своите дворови, се огласија во јавност  со цинично соопштение  осум  дена  по  неговото  паѓање.


Јан 5, 2015

Снегот во Охрид не успеа да го покрие срамот на охриѓани пред многубројните туристи кои престојуваа во градот за време на новогодишните празници.


Јан 3, 2015

Претежно семејства со мали дечиња од струшката околина кои изминатава недела живеат без струја и вода, ја прифатиле хуманата понуда на луѓето од хотел Амбасадор за престој додека трае ситуацијата со немањето струја. Од хотелот задоволни се од досегашниот одзив, но додаваат дека луѓето од најкритичните места сеуште не знаат за опцијата која им ја нудат.


Јан 3, 2015

Блокирана коловозна лента од паркирани туристички автобуси на булеварот „Туристичка“. Автобусите кои ги истовараат своите патници се задржуваат подолго од законски предвиденото, а не ретко и ги паркираат своите автобуси на дел од коловозната лента. Според СВР Охрид, предизвикувањето на застои во сообраќајот е недозволено.


Јан 3, 2015

Драстично намалениот број на деца кои ги користат услугите на детската градинка, ги примора надлежните во функција да го остават само централниот објект на „Јасна Ристеска“.


Јан 2, 2015

Денес тие со протест го искажаа својот револт пред Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Охрид, бидејќи веќе 6 дена се без струја на екстремно ниски температури. Од компанијата пак ја признаваат одговорноста, но апелираат за смиреност бидејќи велат дека нивните екипи постојано се на терен.


Јун 8, 2021

Работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30 000 денари, ќе може да искористат ваучери во вредност од 12 000 денари во некои од домашните хотели.


Јан 2, 2015

Во охридските бензиски пумпи засега има гориво .