Skip to main content
Јан 1, 2015

Спектакуларен  дочек на Новата 2015 година на градскиот плоштад во Охрид. Студеното време не ги спречи неколкуте илјади граѓани и гости да уживаат во настапот на познатите македонски музички имиња.  Новата 2015 година на сите граѓани ја честита градоначалникот Никола Бакрачески.


Јун 8, 2021

Македонската фудбалска репрезентација отпатува за Букурешт на Европското првенство.


Јан 1, 2015

Мирна новогодишна ноќ во Охрид.


Дек 31, 2014

Плиткиот џеб и лошите временски услови ќе ги задржи охриѓани дома покрај малите екрани за најлудата ноќ, граѓаните кои ТВМ ги анкетираше. Градот е подготвен за пречек на најлудата ноќ, а градоначалникот Никола бакрачески на охриѓани и госдтите Новата 2015 ќе им ја цестита од градскиот плоштад Св Климент Охридски.


Дек 31, 2014

Се брои ситно до завршувањето на 2014тата и доаѓањето на новата година. Годината на заминувавање за некого успешна за некого не. Ги запрашавме политичарите како тие ја доживеаја ова година и што очекуваат од наредната.


Дек 31, 2014

Охридскиот Црвен крст дотура лекови, храна и евакуира загрозени жители во Дебрца.


Дек 31, 2014

Во Итната медицинска служба деновиве зголемен е бројот на повици од хронично болните пациенти и срцево болните, но не и пациенти со повреди и скршеници, информираат од оваа служба. Слична е состојбата и во соседна Струга, а во Специјалната болница „Св Еразмо“, не можат да стигнат пациентите од Струга, Дебар и Кичево поради нерасчистените и непроодни патишта.


Дек 31, 2014

Преносната мрежа со која управува и оперира МЕПСО е целосно функционална и сите точки на прием на дистрибутивниот систем-оператор се снабдени со електрична енергија и се под напон.