Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните празници
Охрид за новогодишните празници ќе биде полн. Гости од Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција токму во нашиов град ќе ја испратат старата, а ќе ја дочекаат новата година. Хотелиерите задоволни од исполнетоста на нивните капацитети.
Подрачните одделенија на УЈП од 1-ви јануари со продолжено работно време
Oхридското даночно одделение на Управата за јавни приходи од 1-ви јануари 2015-та година, ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.
Објектите на некогашните охридските гиганти интересни за потенцијалните инвеститори
Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо вели дека инвестициите на двете германски компании ОДВ електрик и Костал е само доказ дека потенцијалот на овие објекти е голем.
Пензионерите и годинава празнично на геријатрија
Дружба, софра и најава за реализација проектот за проширување на геријатрија Охрид е исходот од денешната традиционална посета на охридските пензионери во геронтолошкото одделение при општа болница Охрид.
Традиционално и годинава софра за луѓето од ранливите категории
„Голем број на родители од социјално ранливите семејства верувам дека ќе најдат вработување во тирз зоната“, истакна заменик градоначалникот Ангел Јанев на денешната софра со ѓраѓаните од ранливите категории, која денес се одржа во ОУ „Ванчо Питошески“, Охрид.
Во Струга се одржа 19-та регионална, фолклорна ревија на музика, песни и игри
На ревијата која се одржува под покровителство на СЗПМ учествуваа околу 100 фолклористи, музичари и рецитатори од ЗП Дебар и Центар жупа , Кичево, Македонски Брод, Гостивар , Охрид и Дебрца и домаќинот Струга. Учесниците на ревијата од 8-от западен регион во името на градот домаќин ги поздрави Милорад Трпоски , претседател на ЗП Струга.
Верниците од католичка вероисповед слават Божик
Верниците од католичка вероисповед слават Божик.
Германски “Костал“ потврди доаѓа во Охрид
Германски “Костал“ потврди доаѓа во Охрид.