Владо Јанески ќе ја честита Новата 2015 година во Охрид
Петар Нечоски и Камелеон бенд ќе ја загреваат атмосферата во Охрид, а Владо Јанески ќе ја честита Новата 2015 година. Ова на денешната прес конференција и официјално го обелодена раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.
Дали поради отстранувањето на времените објекти ќе згснат многу семејни бизниси
Од времените објекти на атрактивни локации во центарот на Охрид 70% се отстранети. Сопствениците на оние објекти кои сеуште работат се во неизвесност дали тие се вклопуваат во урабинистичките планови или и тие ќе бидат отстранети. Во меѓувреме Стручните служби од локалната ја изготвиле програмата за поставување времени објекти и истата треба да добие согласност од Министерството за транспорт и врски.
Еко-дипломатијата на дело
На 17.12.2014 година во Приштина се одржува Форум за Води организиран од страна на Регионалниот центар за животна средина за Централна и источна Европа (РЕЦ), преку иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC).
Реакција на локалната на соопштението на ЛДП охрид
„Не сме изненадени од фактот што мала политичка партија во обид за ситни маркетиншки поени втора Новагодина по ред како новогодишна желба за популизам излегува во јавност со не вистинити, не точни, не аргументирани и воопшто законски не поткрепени изјави во однос на процедурата за поставување на лизгалиште на Градскиот плоштад.“
Охриѓани се подготвуваат за големиот празник Св.Никола
Во петок на 19 демекември, многу православни охридски семејства ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува зборза посна слава па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба.
Одбележување на Денот за борба против насилство врз сексуалните работници
И оваа година, традиционално, ЗГ Опција Охрид ќе го одбележи 17 Декември – Меѓународен ден за борба против насилство врз сексуалните работници со низа активности: делење на едукативен материјал, едукативни работилници со целната група и сензитивизирање на општата популација.
Општина Дебрца со најдобар раст на транспарентна општина
Деновиве Центарот за граѓански комуникации го објави Извештајот за активна транспарентност на 97 јавни институции за 2021 година.
Тешка кражба извршена од малолетник
Поради постоење основи на сомнение за сторено едно казнено дело „тешка кражба“ и една „кражба“ СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство поднесе известување поврзано со малолетно лице од Охрид како можен сторител на казнените дела.