Вредна донација од Швајцарија доби пожарна Охрид
Денес во Територијалната Противпожарна Единица стигна донација од Швајцарија, вредна околу 40 илјади евра. Охридските пожарникари добија лична заштитна опрема, односно интервентни одела кои ќе ги штитат при делување на пожар.
Алармантно нивото на загаденост на Охридското езеро кај Андон Дуков и женска плажа во Струга
Ова го покажале последните испитувања на површинските води спроведени од Центарот за јавно здравје од Охрид. Мострите покажале дека водата кај овие две плажи е од најниска петта класа, односно вода која содржи фекални бактерии опасни по здравјето на луѓето. Од Центарот за јавно здравје велат дека работат на откривање на загадувачот.
Пропадна и вториот тендер за изградба на градски пазар
И вториот тендер за изградба на модерен затворен градски пазар по пат на ЈПП неуспешен. И покрај поповолните услови во корист на приватникот очигледно никој инвеститор не е заинтересиран да влегува во партнерски односи со задолжената општина.
Со автентични производи до поголема туристичка понуда
Денес охриѓани можеа да ги видат финалните резултата од проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“. Рачно изработениот накит од бисер и филигран, сувенирите од дрво, вино од автохтона сорта на грозје, спакувана традиционална храна и рачно изработен бакар ќе бидат дел од збогатената туристичка понуда во градов.
Кривична пријава за албанскиот граѓанин кој ја ограби „Св.Богородица Пречиста“
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против А.Д.(38) од градот Дибер, Република Албанија. Него одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа и спроведен во казнено-поправната установа во Тетово.
19-годишно лице без дозвола се движело за време на полициски час
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишно лице од Охрид кое без дозвола се движело за време на полициски час.
Деветти натпревар за добивање стипендија за англиски јазик во „Јахја Кемал“
По деветти пат и годинава, приватното средно училите „Јахја Кемал“организира натпревар за стипендија за изучување англиски јазик.
Последна акција на „Kомуналец“ за собирање зелен отпад
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.12.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 „Радојца Новичиќ“.