Тендерите за проектите финансирани од Светска банка се завршени и во фаза на оценување
Средствата од овој кредит, со кој ќе се финансираат девет инфраструктурни проекти во градов не се префрлени на сметка на локалната. Секретарот на општината, Димитар Спасески информира дека средствата ќе се добиваат во зависност од динамиката на зафатите.
Нов начин на промоција, подобра туристичка сезона
Презентацијата на саеми преку закуп на штандови застарена форма на презентација, сметаат туристичките работници од градов. Тие бараат локалната и државата да изнајдат нови начини за привлекување гости во регионов. Од локалната тврдат дека веќе сериозно работат на тоа. Последниот саем во Белград бил добар показател дека работите во туристичката промоција се менуваат.
Тим ученици од ОУ „Григор Прличев“ освоија врвна иновативна награда на ниво на државата
Со проектот кој го изработија го потенцираат значењето на алтернативните извори на енергија во зачувување на здравата животна средина. Со овој голем успех во време на пандемија го издигнавме училиштето на највисок пиедестал, напоменува директорката на ова општинско основно училиште.
Нoви Совети во урбаните заедници стари проблеми
Нoви Совети во урбаните заедници стари проблеми.
Масажа-подарок за 8 ми Март, зошто да не
Салоните за убавина полни со изненадувања. Разни видови масажи и третмани на лице и тело за секоја жена која води грижа за својот изглед се добра идеја за подарок за осми март.
Неколку куќи на познати охридски фамилии ќе го добијат оригиналниот сјај
Заводот за заштита на спомениците и музеј годинава ќе реставрира фасади, кровови, а на еден објект ќе ја зајакнува и статиката на градбата.
Среќни туристки од Црна Гора го добија најубавиот подарок за 8ми Март
Мајсторот изработувач на охридски бисери, Михајло Филев заедно со туристичкиот водич Љупчо Јузмески по петти пат традиционално го организираа барањето на скриениот бисер во Заливот на коските.
Добро вино и храна, најдобра реклама за Охрид
Охридските ресторани треба да ја подигнат винската култура на повисоко ниво, сметаат експертите за оваа проблематика. Проф. Др Ангела Крстаноска од ФТУ, забележува дека треба да има револуционерна промена и на ресторанските менија.