Skip to main content
Фев 25, 2015

Детско игралиште во населбата „Гоце Делчев“ повторно на мета на вандалите.


Фев 25, 2015

Се менуваат прехранбените навики на децата во охридските градинки.


Фев 23, 2015

Градските советници во петок ќе гласаат за проценетите штети од снежните наноси, како и настанатите штети од пожар и невремето кое го зафати Охрид.


Јун 15, 2021

 
Родителите на децтаа со попреченост ја поздравуваат оваа новина, но имаат и резерви како инклузијата ќе се одвива во пракса. Апелираат до останатите ученици и нивните родители, како и до наставниот кадар да им дадат поддршка на овие ученици  за во иднина да бидат посамостојни во животот.


Фев 23, 2015

Идејата за прослава на матурата надвор од државата ќе се реализира само во гимназијата, додека останатите средни училишта од градов истата ќе ја прославуваат на традиционален начин.


Фев 23, 2015

Повторно одрони на патниот правец Охрид Св. Наум. Возачите реагират дека се изложени на опасност, а пешаците велат дека немаат каде да се движат. Бараат надлежните сериозно да му пристапат на овој проблем.


Фев 23, 2015

Охридска вечер на Ада Циганлија во Белград.

Органзирана  Охридска вечер на  Ада Циганлија во рамките на Саемот за туризам Белград 2015. На презентацијата на охридските културни и природни вредности присуствуваа голем број тур оператори, туристички агенции, амбасадори. Градоначалникот Никола Бакрачески  најави дека слични пормоции следуваат и во други балкански и европски градови, по одржаните во Кина, во градот Далијан. Бакрачески најави туристичка промоција на Охрид  во Европскиот парламент во Брисел, но присутност и во Осло, Тел Авив, Москва, Истанбул, Измир, Сараево, Љубљана, Загреб.
беосаем
„ Ние како нов тренд го најавуваме подолго време и постојано работиме да има голем импакт на зголемување на бројот на туристите кои ќе го посетуваат Охрид. Уверени сме дека ќе вроди со плод оваа наша  нова стратегија со презенатција на охридската туристичка понуда и на културното и природното наследство“, кажа Бакрачески.

Охридската вечер беше организирана со помош на македонската амбасада во Белград. Нашата амбасадорка Вера Јовановска Типко ги покани посетителите како што рече, да ја откријат нашата чудесна земја.

„ Ако прв пат доаѓате во Македонија да ги отворите сите сетила да ги почуствувате сите богатства кои  Mакедонија ги нуди. Доколку доаѓате повторно секое патување е ново искуство“, напомена  Јовановска Типко.
Од името на ТЛЕР присутните на Охридската вечер во Белград  ги поздрави и Ѓоко Апостолов. Традицијата и постигнатите успеси на генерациите пред нас се наша сила која ни дава волја да го развивме туризмот во Охрид како наша најјака економска гранка, потенцира Апостолов.

саем
„ Горди сме што во континуитет ја подобруваме и унапредуваме туристичката понуда со што го освежуваме традиционалното  гостопримство. Во стратегијата одиме во чекор со светските трендови и покрај постоечките креираме нови облици на алтернативен туризам. Во него ќе биде вклучено поширокото подрачје со проекти со соседните земји со што овозможуваме на туристичките работници да понудат нови пакети и кружни тури кои ќе побудат интерес на гостите од прекуокенаските земји“, рече Апостолов.

На туристичкиот саем во Белград  беа презентирани и прекуграничните региони на Балканот, проекти поддржани од  Европската унија. Туристите беа запознаети со нови места на кои може да го поминат годишниот одмор во регионот Преспа кој ги опфаќа Ресен и Охрид целиот регион на Корча.


{loadposition content9}


Фев 20, 2015

Вештачкиот мрест на охридската пастрмка за 2015 година најуспешен во последнава деценија. Собрани биле 2,5 милиони икра, изјави сопственикот на „Пастрмка 2012“, Ристе Танасоски. Како резултат на тоа рибниот фонд е возобновен и полека но сигурно пастрмката се враќа во водите на Охридското Езеро.