Нови информативни табли низ Охрид
ЈП “Нискоградба“, по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици а согласно одлуките на Советот на општина Охрид, започна со замена на старите информативни табли низ институциите кои се под надлежност на општина Охрид.
Од утре редовна настава, ОУ „Григор Прличев“ доби струја
Општина Охрид, утрово ги подмири обврските на ОУ “Григор Прличев“ кон ЕВН- Македонија за потрошена електрична енергија во износ од 813.439. 00 денари.
„Охридски Комуналец“ продолжува со чистење на речните корита
Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи со реализацијата на активностите околу расчистувањето на речните корита и канали на територијата на општина Охрид.
Претставата „Детектор за лаги” на крајот од месецов, повторно пред охридската публика
Влезниците за претставата „Детектор за лаги” за Четврток (20.11.2014) се распродадени!
Намалување на стапката на криминалитет во Охрид
Во првите девет месеци од годинава, Секторот за внатрешни работи во Охрид бележи намалување на вкупната стапка на криминалитет.
„Гладијаторите“ подобри од Стружани во езерското дерби
ГРК Охрид со победа од 21-20 против Струга ги заврши натпреварите на домашен терен за сезонава. Во последното коло „Гладијаторите“ гостуваат во Битола кај Еурофарм Пелистер.
Михаил Шикоски со нов државен рекорд во воздушна пушка-сениори
На Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма што се одржа денес на стрелиштето во поранешната касарна Стив Наумов во Битола, стрелците од СК ,,Охрид“ се закитија со 5 медаљи-две златни, една сребрена и две бронзени.
Семинар на АХВ во Охрид
Употребата на ветеринарно медицинските препарати во лекувањето на животните и нивното влијание врз храната и здравјето на луѓето ќе бидат главните теми на „Регионалниот семинар за националните контакт точки за ветеринарни препарати“, кој ќе се одржи денес во Охрид.