Општината не го раскрчмува државното земјиште , категоричен општинскиот скретар Спасески на обвинувањта на опозицијата
Општината не го раскрчмува државното земјиште , категоричен општинскиот скретар Спасески на обвинувањaта на опозицијата.
Децата од градинка учат за својатa безбедност во сообраќајот
Децата од градинка учат за својата безбедност во сообраќајот.
Од сабота спортски училишни лиги во Охрид
Општина Охрид ги развива спортските игри, се грижи за правилен психички и физички развој на децата и правилна социјална ориентација. За таа цел СРЦ „Билјанини Извори“ ширум ги отвори вратите за учениците од охридските основни и средни училишта кои секоја сабота од 09 до 14 часот ќе се натпреваруваат во мал фудбал.
ОO на СДСМ денес со објаснување зошто вчера советниците од оваа партија го напуштија вториот дел на седницата
ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески бесрамно донесоа одлука за продажба на четири огромни земјишни парцели во Охрид, сопственост на Република Македонија, ова денес беше истакнато на пресс конференцијата на општинската организација на СДСМ која се одржа по вчерашното напуштање на седницата од страна на советниците на сдсм поради одлуките за продажба на државното земјиште на локациите кај автобуската станица, домот за стари лица и катните гаражи.
Патната делница Подмоље-Струга затворена за сообраќај
Поради изведување градежни зафати на патната делница Подмољје-Струга (стар пат), денес до 16 часот овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај.
Деновиве во Струга ќе се спроведе дезинсекција против комарци и дератизација на шахти
Се известуваат граѓаните, дека на ден 02.06.2021 година (среда) на територијата на општина Струга ќе се изврши дератизација на шахтите од страна на претставници на ЈП „Водовод и канализација“ и со надзор од општина Струга врз основа на договорот склучен со компанијата за јавна набавка.
Засилени контроли против рибокрадците
При вршење на заедничка контрола од страна на овластени лица на Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид со рибочуварската служба од концесионерот на рибниот фонд од Охридско Езеро – ПАСТРМКА 2012 д.о.о.е.л од Охрид на ден 15.10.2014 год во 22.30 часот кај м.в Рибница во водите на Охридско Езеро затекнати се 2 лица кои вршеа недозволен риболов со мрежи.
Ќе се продава земјиштето на кое ќе се градат автобуска, катна гаража и дом за стари лица
Мнозинство советници во градскиот совет во отсуство на нивните колеги од СДСМ и ЛДП, дадоа зелено светло за трите предлог одлуки кои се однесуваа на отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р Македонија, на кое е предвидено да се изградат катна гаража, автобуска станица и Дом за стари лица.