Skip to main content
Ное 14, 2017

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поскапуваат за 2,5 односно за 3 денари по литар, а дизелот ќе биде поскап за 2 денари за еден литар.


Сеп 21, 2011

Експертите велат дека тешките училишни чанти кои децата ги носат во училиште, неправилното седење во клупите, лошиот и во голем број случаи застарен инвентар во училиштата, недоволна физичка активност, несоодветните услови за живеење и слабата исхрана можеби не се причинителите, но секако одат во прилог за појавата на деформитети кај децата и адолесцентите.


Ное 13, 2017

Набавка на нова механизација еден од најголемите приоритети на новиот директор на ЈП „Охридски Комуналец“. Целосна ангажираност, посветеност кон работата и минимум време поминато во канцаларија, ќе бидат дел од моето секојдневие во ЈП за кое ја добив најодговорната функција, вели директорот Љупчо Грданоски.


Сеп 21, 2011

До нашата редакција, пациент се пожали  дека утрово неможел да користи  рутински преглед на одделот за трансфузиологија и останал без редовната терапија заради тоа што во болницата немало струја.


Сеп 20, 2011

За убавината на Охридскиот бисер се слуша дури до Австралија. Вештината за негова изработка и ден-денес претставува најчувана охридска тајна. Прв избор на најголемиот број туристи, патентираниот охридски бисер за жал е се помалку охридски. На приватни тезги поставени долж чаршијата обичните седефести зрнца, ги нудат како оригинален охридски бисер. А туристите наивно купуваат.


Ное 13, 2017

Eкипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ викендов спроведоа вонредни акции за расчистување на диви депонии на повеќе критични точки.


Сеп 20, 2011

НВО „Карабеј Махале“ и весникот Уфук органзиараа панел конференција насловена како   „10 години од Охридскиот рамковен договор и Турците“ за да се чујат нивните потреби.


Сеп 19, 2011

За следното рочиште, адвокатите на оштетените најавија користење на механизмот присилно приведување на обвинетиот Кристијан Шапкар по службена должност.