РЦСОО „Ванчо Питошески“- Охрид подготвен за новата генерација ученици
Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ ги отвори вратите за матурантите. Околу 250 слободни места ги очекуваат учениците во новата школска година. Центарот нуди можност за практично образование со одлични услови, дуално образование со повеќе пракса, стипендии за ученици, меѓународно признати дипломи. Стручното училиште е дел од системот на дуално образование со кое учениците се стекнуваат со потребната пракса, а компаниите со квалификуван стручен кадар кој е подготвен квалитетно да одговори на работните задачи.
Општина Охрид: СДСМ никогаш нема да се грижи за доброто на Охрид
СДСМ – Охрид со денешното соопштение испратено до медиумите, покажа дека тие се партија која може да ја менува својата форма но не и содржината ако се земе во предвид фактот дека со намерата да ги оцрнат работните надлежности на Секретарот на општина Охрид, покажаа и докажаа дека тие никогаш нема да се грижат за доброто на Охрид и охриѓани.
Во ТВМ паричката ја пронајде Валентина Неловска
Паричката се бараше и во ТВМ.
Нормални услови, а не луксуз бараат штитениците на дневниот центар за лица со посебни потреби „Добротољубие“
Дванаесетте деца кои го посетуваат дневниот центар, најголемиот дел од својот ден го поминуваат седејќи на стар и дотраен мебел, јадејќи на оштетени трпезариски маси.
ОО СДСМ Охрид: Нa Мауцкер му се случува еколошко злосторство
Почитувани граѓани, Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески информираше за расчистување на градежен шут и отпад од локалитетот Мауцкер иако тој нема никаква надлежност.
Се чисти депонијата на Мауцкер
Се подготвува теренот за изградба на индустриска зона на Мауцкер. ЈП „Комуналец“ започна со чистење на дивата депонија која години наназад нелегално се создаваше. Одведувањето на ова ѓубре од депонијата Мауцкер на Буково за општината преставува нова финансиска потешкотија и нов товар, вели секретарот на општината, Димитар Спасески.
Лебедите на Охридското езеро без конкретна законска заштита
Лебедите на Охридското езеро без конкретна законска заштита.
Интернационалниот центар за емоционална интелигенцијa активен во пандемијата за јакнење на психолошкиот имунитет
Пандемиската година ги направи луѓето посвесни за потребата од грижа не само за физичкото здравје туку и за јакнење на психолошкиот имунитет и емоционалната благосостојба. Кај луѓето расте интересот за стекнување вештини како да ги разбереме емоциите, сопствени и туѓи, да управуваме со нив за лична внатрешна благосостојба но и професионален успех.