Skip to main content
Сеп 13, 2011

За помалку од еден месец треба да биде реализирана идејата за одржување на кајак маратон во водите на Охридското езеро. Финансиите, повторно најголемиот проблем.


Ное 9, 2017

На ФТУ започна циклус курсеви по готварство за повртаници од странство и за невработени лица. За неколку дена ќе следуваат и обуки за пекари, баристи и бармени. Проектот има за цел стекнување  дополнителни вештини од неколку области од угостителството преку преквалификации.


Сеп 13, 2011

Жителите на Орман се приморани секојдневно да живеат со непријатна миризба и остатоци од фекалии. Проблем прави стадо од околу стотина овци. Нивниот сопственик секојдневно ги води на пасиштето во месноста Блато за кое има склучено договор за користење. Сепак непријатната миризба и фекалиите ги налутиле останатите жители кои се пожалиле до овластениот инспекторат за животна средина. Решение засега нема.


Сеп 13, 2011

Законот за заштита и благосостојба на животните не се почитува во Охрид. Посебно ова непочитување е изразено кога станува збор за чувањето на домашните миленици.


Ное 9, 2017

По само две недели работа, новиот градоначалник на Дебрца, Зоран Ногачески излезе со првичните податоци од направените анализи за финансиската состојба на општината.


Сеп 12, 2011

Индивидуална станбена зграда која се гради во стариот дел на Охрид на местото познато кај Охриѓани како Видиковец, затрупува базилика и темели од црквата Св Тројца. Жителите од ул. Климентов универзитет очајнички бараат помош од надлежните со цел да се стопира градбата на овој габаритен објект. Велат се обративме до сите инспекциски служби, но реакција од никаде. Очигледно оваа градба има посебен третман, додаваат тие.


Сеп 12, 2011

На последната седница на Советот на општината, не помина Одлуката за утврдување на цени за вонредно чистење на улиците, кое го врши Јавното Претпријатие „Охридски Комуналец“.


Ное 9, 2017

Триесетина охриѓани ќе добијат субвенции за ПВЦ прозори. На листата  граѓани од цела Македонија се 1100 баратели.  Граѓаните во наредниот период може да очекуваат на нивните сметки да се префрлат по 500 евра државни субвенции.  Субвенциите се доделени во согласност со принципот „прв дојден, прв услужен“.