Сеп 12, 2011
Охридските пензионери најдобри на републичкиот натпревар
Охридските пензионери, севкупни победници на републичките пензионерски спортски натпревари. 400 пензионери од 39 здруженија се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини. Оваа година домаќин на шеснаесеттите по ред вакви натпревари беше кампот Ливадиште во Струга.
Сеп 10, 2011
„Чекор по чекор“ уште 5 месеци
Наставниците кои во изминативе 5 години беа дел од проектот „чекор по чекор“, на средба во Охрид. Активностите кои се спроведоа се во рамките на проектот за основно образование на USAID, финасирано од американската агенција за меѓународен развој и на иницијатива од фондацијата „Чекор по чекор“ од институтот отворено општество и од универзитетот од Кембриџ.
Сеп 10, 2011
Моторџиите го преплавија Охрид
Мотористи од Македонија, Балканот и цела Европа по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија, на ревијално рели низ земјата. Заедно со Република Македонија, и ова рели слави свој 20 годишен јубилеј. Веќе се извозени две етапи од релито, а останува уште третата и последна етапа со што ќе се заокружи овогодинешното издание на мото-релито.
Ное 8, 2017
ТА „Тика“ планира изградба на училишна зграда на местото на ОУ „Братство Единство“
Турската агенција Тика планира изградба на нова училишна зграда на местото на ОУ „Братство Единство“. Иницијативата е на неколку граѓани. Градоначалникот Стојаноски оствари средба со претставници од „Тика“ и им ги презентира потребните документи.
Сеп 10, 2011
Загина сопатник на мотор, во Пештани
27 годишниот Марко Кабранов, синоќа го загуби животот во тешка сообраќајна незгода. Немилиот настан се случил на влезот на Пештани на регионалниот пат Охрид – Св. Наум.
Авг 30, 2021
Повторно инспекција на Буково и глоби за Охридски Комуналец
Денеска од државниот инспекторат за животна средина информираа дека во петокот на 27ми август, извршиле контролен инспекциски надзор на депонијата Буково.
Сеп 9, 2011
О.У „Братство Единство“, пред избор на директор
За еден месец отпочнува трката за директорската позиција на О.У. „Братство Единство“, Охрид. Охридската чаршија веќе шпекулира за името на идниот директор.
Ное 8, 2017
Катна гаража на паркингот зад Ривиера ќе се гради, но неизвесно кога
Долго најавуваната катна гаража на паркингот зад Ривиера ќе се гради, но неизвесно кога. Агенцијата за стопанисувања со станбен и деловен простор кои се инвеститори на овој капитален проект не откриваат детали околу динамиката со која течат работите.