Skip to main content
Мај 31, 2021

36 годишна жена од Скопје на 29-ти мај во Охрид со секира нападнала 52 годишен охриѓанец. Жената е приведена, а против неа ќе биде поднесена и соодветна пријава.


Окт 15, 2014

Граѓаните интензивно се подготвуваат за престојната зима набавувајќи огревно дрво. Дрва има доволно, велат од Македонски шуми,а цената е иста како и минатата година.


Окт 15, 2014

Општина Охрид за учебната 2014/2015 година ќе додели 30 бесплатни курсеви за  англиски јазик, 30 бесплатни курсеви по германски јазик и исто толкав број бесплатни курсеви по информатика на невработени лица и студенти во општината кои живеат во семејства со ниски месечни примања или се социјални случаи.


Окт 15, 2014

Mалолетник од Охрид со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка вршел незаконит риболов на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“.


Окт 15, 2014

Кампањата за одбележување на 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладта и Неделата за борба против гладта од 16-22 Октомври, под мотото ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС Црвен крст Охрид ја започнува со активности насочени кон собирање на прехрамбени производи на пунктови поставени во поголемите маркети во градот.


Окт 14, 2014

Ученичките Глорија Петреска и Симона Филкоска од ОУ „Братство Единство“ го освоија првото место на општинскиот натпревар за млади библиотекари. И  двете ќе го претставуваат нашиот град на државниот натпревар за млади библиотекари кој ќе се одржи во Велес.


Окт 14, 2014

Македонија бара начин како да се спречи верскиот радикализам кај младите и нивното приклучување во борбите во Сирија и Ирак. Припадници на  разузнавачки и безбедносни служби од регионов , но и пошироко како и три меѓународни организации на оваа тема разговараа зад затворени врати.


Мај 31, 2021

На покана на градоначалникот Константин Георгиески, се одржа средба со членовите на управата и фудбалерите на ГФК Охрид. На средбата градоначалникот изрази голема благодарност и честитки за успешната сезона на клубот и ги увери дека поддршката на Локалната самоуправа нема да изостане и во наредната сезона.