Skip to main content
Сеп 1, 2021

Во овој момент Владата не размислува за нова помош за угостителите. Вицепремиеот Битиќи вели дека ја следат состојбата во секторот кој не е затворен, туку работи лимитирано. Разговори ќе има, но со оглед на тоа дека државата е во предизбрен период, можностите за помош се лимитирани.


Окт 21, 2011

Искусни професори од Холандија, вршат обука на вработените на НП „Галичица“. Оваа како и повеќе други активности се во рамките на престојното одбележување на 53 годишнината од постоењето на НП. Целна група денес беа дел од основците на општина Охрид.


Ное 27, 2017

Вредна донација за двајца наши сограѓани во инвалидски помагала, обезбеди Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балканмедиа“ од Охрид. Решенијата им ги врачи градоначалникот на Охрид а претседателот на здружението, повика на поголема поддршка на општествено одговорните компании кон лицата со посебни потреби.


Окт 21, 2011

Министерството за култура повеќе од 4 години нема одвоено пари за експропријација на објекти на кои се откриени различни археолошки наоди.


Ное 27, 2017

Жителите од населените места долж магистралниот пат Охрид Св Наум, бараат нов асфалт и проширување на патот. Тоа им било ветено веќе неколку пати, а досега неисполнето. Тие укажаа дека постоечкиот пат е опасен и претставува магнет за сообраќајни незгоди.


Окт 21, 2011

Оваа сабота, повторно јавна презентација на техниката, како и на резулатите од нејзината примена.


Окт 20, 2011

Итно се потребни средства за лекување на 25 годишната Ивана Павлеска, која боледува од акутна леукемија.


Ное 27, 2017

Во охридскиот Центар за јавно здравје  за потребите на регионов  има 50 бесплатни тестови за хив/сида. Во  2017 биле набавени 150 тестови преку глобалниот фонд и 50 од министерството за здравство. Во 2018 година Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА, престанува со  финансирање на   потребните тестови па обврската  да ги набавува тестовите ја презема Министерството за здравство.