Ивановски: Македонија една од малкуте земји со отворени бази на податоци
Во светот на информациски технологии и обемни бази на податоци, вистински предизвик е да се разберат различните дефиниции на податоците-рече денес министерот за информатичко општество, Иво Ивановски. За претседателот на државата Иванов, фокусирањето на земјата кон информациските технологии е најкраткиот пат до реформите и успехот.
Охридските млади музичари дел од „Концертот на 100 млади“
Три млади музички ѕвезди од Основното музичко училиште „Методи Патчев“Охрид, блеснаа на „Концерот за 100 млади“ во Белград, Република Србија.
ЈП Градски пазар испушта вработени на 70%
ЈП „Градски пазар“ дел од своите вработени ги пушти на принуден одмор. На што се должи ваквата одлука на раководството на претпријатието и дали е точно дека на 70% се пуштени само оперативци а не и вработени во администрацијата, одговор побаравме од директорот Тони Коталески. Тој пак, недостапен за коментар.
Градскиот стадион затворен, санација на тревните површини
ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите граѓани на Охрид, сите корисници на градскиот стадион Билјанини Извори дека од денес 09.09.2014 до 27 септември градскиот стадион ќе биде затворен за користење поради редовната ( годишна ) санација и обнова на тревната површина.
Дел од Дебрца денес без струја
Денес дел од селата во Општина Дебрца без струја.
НОВ ЗЕЛЕН ПОЈАС НА КРСТОСНИЦАТА ПОМЕЃУ БУЛЕВАР „ТУРИСТИЧКА“ И УЛИЦАТА „АСНОМ“
Се засадува нов зелен појас од украсно зеленило на тротоарските рабови на кружната крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улицата „АСНОМ“. Во делот на подготвителните активностите за засадување на зеленилото беа ангажирани екипи на ЈП „Охридски Комуналец“.
Различни ставови околу тоа дали Советот треба да дава согласност на одлуката за промена на паркинг зоните
„Советот на општина Охрид“ нема ингеренции во давање согласност околу зонирањето на паркинзите, децидна претседателката на Советот, Гордана Коњановска. Додава дека одлуката за тоа кој паркинг во која зона ќе припаѓа, се носи по правилник кој е интерен акт на јавното претпријатие „Билјанини извори“. Нејнизиното мислење не го дели предходниот претседател на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески.
Депониите во Рамне сеуште неподигнати
Кој е надлежен да се справи со дивите депонии кои никнуваат по патиштата во руралните средини во Охрид? На ова прашање одговори директорот на Државниот инспекторат за животна средина Фирус Мемет. Тој категоричен, депониите треба да ги подига Јавното комунално претпријатие, согласно Законот за управување со отпад доколку станува збор за комунален отпад, додека пак за градежниот шут, локалните комунални инспектори треба да дадат задолжение за истиот да биде подигнат.