Skip to main content
Дек 6, 2024
По обновата на источната ќе се реконструираат и останатите трибини. Само со сериозни инвестиции во спортска инфраструктура ќе може да се развива и спортски туризам.

Дек 6, 2024
Охридската болница одбележа 60 години постоење. Шест децении пружање здравствени услуги на пациентите не само од Охрид туку и oд регионот. Денес болницата функционира во 15 болнички одделенија, аптека и заеднички служби. Располага со десет хируршки сали. Менаџментот постојано работи на подобрување на услугите.

Дек 6, 2024
општина охрид
По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член), проф. Светлана Огненова (член), донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски.

Дек 6, 2024
Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши денеска ќе престојува во официјална посета на Охрид.

Дек 6, 2024
ухмр
Во Охрид температурите ќе се двиѓат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.

Дек 5, 2024
Регионалната депонија во Новаци се очекува да биде изградена до крајот на 2027 година. Финансиските средства се обезбедени, но процесите се одвиваат бавно. Општините од југозападниот и пелагонискиот регион се неусогласени во поглед на активностите за воспоставување на системот за заедничко управување со отпадот. Ова беше истакнато на денешната панел дискусија во организација на групацијата Збогум Буково. Но, дури и кога ќе биде изградена новата регионална депонија, затворањето на Буково ќе почека , бидејќи во моментов за тоа нема пари.

Дек 5, 2024
Триесет и пет дрва од видот „чинар“, денес, 5-ти декември, беа донирани на Град Охрид од ТАВ Македонија и засадени покрај Охридското Езеро од страна на волонтери-вработени на охридскиот аеродром, со цел да се збогати зеленилото на пешачката патека од плажата Куба Либре до плажата Горица.

Дек 5, 2024
Како и секоја година, и годинава охриѓани, но и бројните гости ќе имаат можност Новата година да ја дочекаат на градскиот плоштад. Во моментов се доработува програмата која ќе биде за сечиј вкус и за сите возрасти, велат од Општина Охрид. Интересот за дочек на најлудата ноќ во Охрид е голем што ветува полни хотели.