Голема дупка на ул. „Богомилска“
Голема дупка на ул. „Богомилска“.Мештаните од тој потег се жалат дека газат во кал бидејќи десет дена од истата извира вода, а надлежните не интервенираат. Не успеавме и ние да добиеме одговор од МЈП „Проаква“, од каква природа е водоводниот дефект и кога истиот ќе биде саниран, бидејќи како што ни кажаа од таму директорот бил во Јапонија на службено патување.
Од Охрид започнува откривање на таленти
Со цел да се намали трендот на одливање на мозоците од земјава отпочнува Владиниот проект „Откривање и работа со надарените и талентирани деца во предучилишните установи“. Задачата на државата е преку поголема грижа за талентираните и надарени учениците да направи врвни стучњаци од нив и да ги задржи во земјава, велат експертите.
Депоата на Плаошник кријат богата археолошка поставка
Нема да се чека изградбата на Музејот за да можат да се видат експонатите. Оние кои се конзервирани можат да се видат и сега, најави Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска.
Потпишан меморандум за соработка помеѓу студентскиот парламент при Универзитетот “Св. Апостол Павле” и НАПАГ
Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” и Националната асоцијација на престижни академски граѓани потпишаа меморандум за соработка. На овој начин талентираните студенти добиваат дополнителна можност за доедукација.
Пожар над селото Опеница
Според информациите на територијалната противпожарна единица и стручните служби при ЈП „Македонски шуми“ се работи за поголема површина, на трева и нискостеблеста вегетација.
Успение на Пресвета Богородица – Празник на мајката Божја
Успение на Пресвета Богородица, големиот христијански празник е еден од најзначајните од повеќето празници посветени на оваа светица. Истоимената црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско денес беше претесна да ги собере сите верници кои дојдоа за да го одбележат големиот ден, да запалат свеќа и да се помолат за здравје.
Од утре почнува исплата на пензиите за мај
Од утре започнува исплатата на мајските пензии за граѓаните кои не користат платежни картички.
Охриѓани се помалку купуваат книги
Охриѓани се поретко можат да си купат книга. Причина за тоа се високите цени на книгите, а нискиот стандард на граѓаниите. Книгите единствено се ефтини за туристите кои доаѓаат во градов.