Дек 26, 2011
Накитена подводната елка
Членовите на клубот за подводни активности „Охрид“ и нуркачкиот центар „Амфора“ во Заливот на коските кај Градиште, во Охридското Езеро, традиционално, една недела пред Новата Година ја накитија подводната елка.
Дек 26, 2011
Советниците работно до крај-утре нова седница
Уште една предновогодишна седница на Советот на општина Охрид. 44 точки на дневен ред кои гарантираат опширна дискусија. Највпечатлива се разбира точката за предлог буџетот на општината за 2012 година.
Јан 1, 2018
Годинава која е пред нас ќе биде просперитетна за Охрид
2018та ќе биде година на многу проекти од интерес на граѓаните, транспарентно работење и ефикасност на администрацијата, вели градоначалникот Јован Стојаноски. Не чека многу работа и залагање за да се исполни ветеното, додава тој.
Дек 24, 2011
МВР и полицискиот синдикат ги усогласуваа ставовите
Годишното собрание на Македонскиот полициски синдикат ја донесе министерката за внатрешни во Охрид. На средбата се усогласуваа ставовите околу претходната, но беа и дефинирани приоритетите за наредната година. Јанкуловска најави подобрување на работните услови за полициските работници.
Дек 24, 2011
Со „Вертикали и Премини“ со фотографски ракурс допир до душата на Охрид и Струга
Во Музејот Куќата на Робевци е поместена најновата изложба на Анастас Ќушкоски која е насловена како „Вертикали и Премини“. Ова е второ навраќање на авторот на тема старата архитектура.
Јан 1, 2018
Мирна новогодишна ноќ
Мирна новогодишна ноќ. Од СВР велат дека најлудата ноќ во Охрид поминала мирно и без никакви инциденти. Од МВР пак информираат дека во Охрид едно лице било повредено со нож, но објаснуваат дека случајот бил изолиран и дека нема никаква поврзаност со прославувањето на новата година.
Дек 24, 2011
Прва седница на регионалната занаетчиска комора
Новото раководство на Регионалната занаетчиска комора во иднина ќе се залага за поголема организираност и активност со цел унапредување и развој на занаетчиството во општина Охрид, ова беше кажано на синоќешниот прв состанок на новиот состав на регионалната занаетчиска комора.
Дек 24, 2011
Ниту многуте запленети мрежи не ги спречуваат рибокрадците
8 кривични пријави и 1440 запленети рибарски мрежи. Езерската полиција изминатава година со полни раце работа. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за овој проблем вели: За жал успешните заплени од страна на полицијата не го дадоа посакуваниот ефект. Рибниот фонд редовно е мета на кражби. Министерката најави и натамошно учество во сузбивањето на овој криминал.