Хрватски компании во обиколка на можните локации за изградба на градската марина во Охрид
Гостите го разгледувале тлото на езерото, а добиле и информации за претежната брзина и правец на ветровите, но и за начините на финансирање на изградбата на градската марина. Градоначалникот Никола Бакрачески информира дека во наредниот период ќе се подготвуваат идејни решенија за истата.
Од ПСС со демант на изјавите на градоначалникот и координаторите на советничките групи
ПСС: Службата не добила ни денар од локалните власти во изминатите 19 години и сѐ што е постигнато, е постигнато благодарение на ентузијазмот на волонтерите.
Невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување
Голем интерес за Саем за вработување кој денес се одржа во Охрид. Невработени охриѓани, студенти и ученици си ја испробаа среќат барајќи вработување кај компаниите кои се преставија на саемот. Саемот се одржа во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија и има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд.
Повеќе од 70 компании се претставија пред граѓаните на Охрид
Повеќе од 70 компании се претставија пред граѓаните на Охрид, на четвртиот од низата Саеми за вработување.
Поетски сеќавања на Миодраг Павловиќ
НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид, во понеделник (17-ти ноември) ќе организира сеќавање во чест на Миодраг Павловиќ, добитник на наградата „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата во 1970 година.
ХАЕ караванот утре во Охрид
Утре со почеток во 11 часот во салата на советот на општина Охрид ќе се одржи предавање за болеста ХАЕ.
Отстранете ги паркираните возила, „Охридски Комуналец” ќе ги уредува крошните на „Македонски Просветители”
„Охридски Комуналец”информира дека во деновите од понеделник до петок ќе врши уредување на дрворедите со поткастрување на крошните од липите на улицата „Македонски Просветители”.
Започнува акцијата на „Охридски Комуналец“ за подигање зелен отпад
Утре на 15-ти ноември 2014 година ЈП „Охридски Комуналец” ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини во Урбаната заедница „Даме Груев“ и Урбаната заедница 10 односно кај комплексот згради „Христо Узунов“, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Мала“.