Локалната воспоставува комуникација со охридските компании
Локалната воспоставува континуирана комуникација со локалните компании со цел да се запознае со нивните развојни програми и пречките на кои наидуваат во текот на нивното работење. Градоначалникот Никола Бакрачески денес во посета на компанијата ЛТХ Леарница. Не го криеше задоволството што токму една охридска компанија е меѓу стоте најуспешни во Македонија.
Странски компании пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица
Странски компании, меѓу кои концерни од Швајцарија, Австрија, Катар и Азербејџан, пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица. Преговорите сеуште траат. Доколку се најде сериозна понуда за инвестирање во таков крупен зафат Владата ќе пристапи кон објавување на тендер.
Поделени хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид
Финализираа активностите на кампањата за Денот на храната и Неделата за борба против гладта, кои во организација на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се одвиваа од 16-22 Октомври.
За продажбата на земјиштето за изградба на 3 капитални објекти се огласи и Вмро Дпмне
За продажбата на земјиштето за изградба на 3 капитални објекти се огласи и Вмро Дпмне
Зајакнување на соработката меѓу локалната власт и полицијата
„Зајакнување на професионалните стандарди во полицијата преку подобрување на соработката со локалната власт и полицијата“ беше темата на тркалезната маса одржана вчера во хотелот „Милениум“ во Охрид.
Комуналец ќе подига кабаст отпад во Видобишта
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.11 „Видобишта“.
Општина Охрид ќе подари 400 жардиниери со цвеќе
Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5-ти Јуни-Светскиот ден на животната средина ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “.
Нов повик за ИПАРД средствата
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој деновиве објави повик за доставување барања за користење средства од ИПАРД програмата. Во охридскиот регион има 1400 регистрирани земјоделци и засега 50% од нив пројавиле интерес за европските пари кои се наменети за модернизација и обновување на постоечко земјоделско производство.