Без енергетски сертификат нема градежна дозвола
Нова ера на градење во Македонија која покрај тоа што ќе заштеди енергија, се очекува да отвори и нови работни места. Станува збор за сертификат за енергетска ефикасност без која во иднина не ќе може да се добие дозвола за градба.
Капетанија на пристаништата со обележана пловна зона ќе одредува каде да се движат скутерите
Од таму не можеа со сигурност да кажат кога ќе ја воведат оваа новина, но велат дека нивна цел е да нема дискриминација на било кој пловен објект кој се движи во езерото.
Најголемиот кросовер пијанист на денешницата, Максим Мрвица ќе дава нова димензија на Охридско лето
Публиката ќе може да ужива во избор од најдобрите кросовер композиции на Мрвица, но ќе може да се слушне и неговата виртуозност во класиката. Големиот пијанист за прв пат доаѓа во Охрид, а себеси се доживува како класичен пијанист.
Итна седница на Локалниот економски совет поради нарушениот туристичкиот углед на Охрид
Градоначалникот Никола Бакрачески свика итна седница на Локалниот економски совет поради обидите на некои медиуми да стават дамка на овогодинепната туристичка сезона. Експертите рекоа дека нема основа за водење негативна кампања против градов и дека час поскоро треба да се изготви маркетинг стратегија за подобрување на нарушениот туристичкиот углед на Охрид.
Има пари во европските фондови за обновливи извори на енeргија ама не знаеме како до нив
Има пари во европските фондови за обновливи извори на енeргија ама не знаеме како до нив.
Романска делегација од Решица во посета на Охрид
Во посета на општина Охрид денес беше градоначалникот на општина Решица, Михаи Степанеску од Романија. Домаќинот, заменик градоначалникот Ангел Јанев изрази благодарност од посетата и рече дека очекуваат плодна соработка во наредните неколку години.
Мали теглички со макало од лук „Папас“ интересна гастрономска понуда во Охрид
Макалото од лук е спој на автентична и здрава, вкусна локална храна. Семејната приказна за производство на охридското макало во оваа форма започнала од воодушевените туристи кои го пробале намазот и посакале од незаборавниот вкус да си понесат и дома.
14 нови државни службеници ќе се вработат во Локалната самоуправа
Градоначалникот потенцира дека со новвите вработувања ќе ангажираат лица за кои на одредени позиции локланата самоуправа смета дека има недостаток.