Skip to main content
Окт 29, 2014

Започнаа активностите за мерење на енергетската ефикасност на четири објекти во исто толку општини што му припаѓаат на Југозападниот плански регион за кои скопската фирма „Делта проект“ ќе изготви техничка документација која ќе послужи како основа за барање дополнителни средства за решавање на проблемите со губитоците на енергијата.


Окт 28, 2014

Оттуѓувањето на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на катна гаража,  за изградба на автобуска станица и за изградба на дом за стари лица, најжешки точки на утрешната седница на совет. Ќе се разговара и за реализацијата на буџетот за 2014та како и за донесување на Буџетски календар на општина Охрид за 2015 година.


Окт 29, 2014

Жителите на неколку улици во Охрид денес до пладне без струја.


Јун 1, 2021

Слабостите нотирани од УНЕСКО за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно, односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација резултираа Охридскиот регион да ги исполни критериумите да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност.


Окт 28, 2014

Kејот „Македонија“ партерно и хортикултурно ќе се уредува. Општината распиша конкурс за идејни решенија. Со конкурсот се бара  новиот изглед на кејот да се вклопуваво постојниот амбиент во поглед на автентичноста и естетиката. Посебно се потенцира со новите содржини на кејот да не се попречува видикот кон Охридското езеро.


Окт 28, 2014

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата од СДСМ.


Окт 28, 2014

Утревечер премиера на преставата „Детектор за лаги“. Оваа комедија ја обработува вечната тема, а тоа е односот помеѓу жената и мажот. Во преставата настапуват Стрезо Стаматовски кој ја игра улогата на психијатарот, Јасмина Билаловиќ таа е во улогата на Нада и Никола Тодороски го игра сопругот Боро.


Окт 28, 2014

Како успева партијата на власт да се богати и луксузира додека граѓаните едвај успеваат да врзат крај со крај, запрашаа охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Од таму сметаат дека потрошените 300 илјади евра за новите простории на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид, биле добра основа за отпочнување на реализација на некој од ветените капитални проекти за градот.